Ашрафул Арефин е фотограф од Бангладеш кој пред 7 месеци решил да посвои две мали зајчиња. Откако го сторил тоа одлучил да направи неколку фотографии од нив, како спомен од почетокот, но откако почнал да ги фотографира тој сè уште не може да престане. Тие се одлични модели и многу се фотогенични, па токму затоа Арефин ужива додека ги слика.rnrn
rnrnОвој негов мал проект се раширил и тој почнал да фотографира и други зајчиња, со цел да ни покаже дека овие неодоливи животни живеат во магичен и прекрасен свет. Тој ги истакнува нивните карактери и ни покажува дека и тие имаат емоции како луѓето. Арефин за својата работа вели:rn
„Најтешкиот дел беше да ги натерам да ми позираат, бидејќи зајчињата се многу чувствителни и лесно можат да се исплашат. Вложив многу трпение во секоја од овие фотографии и постојано бев на штрек за случајно да не пропуштам нешто.“
rnДа не должиме, погледнете ги овие прекрасни и неодоливи фотографии од магичниот свет на малите и слатки зајчиња…rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

















