КАФЕ ПАУЗА

16 работи кои треба да ги знаете ако сте вљубени во интроверт

16 работи кои интровертите би сакале да ги разберете за нив

Интровертните личности делуваат тивко, затворено и срамежливо. Поради тоа оставаат впечаток како да кријат нешто и дека не сакаат многу да се дружат со другите, но тоа не е вистина. Ова се дел од нивните карактеристики кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете и со тоа повеќе да ги почитувате.rnrn16 работи кои интровертите би сакале да ги разберете за нивrn

1. Сакаат време за себе

rnИнтровертите сакаат да поминат некое време сами со себе. Тоа им дава можност да си ги средат мислите и да се мотивираат за она што следува. И на екстровертите им треба време насамо, но кај интровертите таа потреба почесто се појавува.rn

2. Не сакаат гужви

rnТие не сакаат да поминуваат долго време во гужви. Сакаат да бидат дел од концерти, спротски натпревари и карневали, но по некое време пак им се појавува потребата да бидат сами. Често пати преферираат во петок навечер да останат дома и да читаат книга или да гледаат филм наместо да се забавуваат во гужвите по дискотеките.rn

3. Ги сакаат луѓето

rnИнтровертните личности не се анти-социјални. Напротив, многу им е потребно туѓото друштво, само не во количина како и екстровертите. Ним само им треба повеќе време да ве запознаат пред да се отворат пред вас. Не им треба голема група на пријатели, туку неколку луѓе кои добро ќе ги познаваат и со кои ќе можат подобро да се поврзат на емоционално ниво. Имаат многу познаници, но малку вистински пријатели.rn

4. Понекогаш им завидуваат на екстровертите

rnЕкстровертите привлекуваат и добиваат повеќе внимание од нив, па затоа тие потајно им завидуваат поради тоа. Се прашуваат какво е чувството да си дел од голема група и тоа да ти дава енергија.rnrn16 работи кои интровертите би сакале да ги разберете за нивrn

5. Многу се интроспективни

rnТие сакаат да се набљудуваат себеси и да ги следат своите емоции. Во нивната природа е да анализираат ситуации на кои не им треба анализа. Причината не е тоа дека не ги разбираат тие ситуации, туку само бараат подлабоко значење во целата работа.rn

6. Одлични слушатели се

rnТивки се, не зборуваат многу, но затоа знаат одлично де ве сослушаат. Тоа им дава можност да испитаат дали сте тип на личност која можат да ја пуштат во нивниот мал круг на блиски луѓе, а е добра шанса и да анализираат малку.rn

7. И тие се забавуваат

rnЗабавата е чувство. Тоа што некој прави една или друга работа за да му биде забавно не значи дека секој ќе се чувствува на истиот начин правејќи го тоа. Иако интровертите изгледаат како да се осамени, тие постојано се забавуваат. Без разлика дали го прават тоа сами со себе читајќи добра книга или уживајќи со еден или двајца пријатели во природа, тие постојано прават нешто кое секојдневието им го исполнува со задоволство.rn

8. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието

rnПовеќето интроверти сакаат да бидат секаде по малку, но работите да ги следат од страна без да бидат забележани. Тоа не е затоа што сакаат да скријат нешто, но едноставно нивните ментален склоп е таков што ги тера да го избегнуваат центарот на вниманието. Тоа не значи дека немаат што да кажат, но повеќе сакаат да ги слушаат другите и да размислуваат за тоа.rnrn16 работи кои интровертите би сакале да ги разберете за нивrn

9. Не сакаат да зборуваат премногу за себе

rnКако што веќе кажавме, тие прво сакаат од безбедна дистанца да ги запознаат другите пред да зборуваат за себе. Во такви моменти оставаат впечаток на срамежливи личности, но не се такви. Можат долго да водат интересен разговор со вас, но при тоа само малку да ви откријат за себе.rn

10. Подобро работат во мали групи

rnРаботодавците треба да имаат предвид дека интровертите најдобро се снаоѓаат во помали групи во кои добро ги познаваат своите колеги. Друга причина е тоа што кога помалку очи се свртени кон нив, ним им е полесно да го дадат најдоброто од себе.rn

11. Забележуваат работи кои другите ги превидуваат

rnНивната интроспективност им дава таква аналитичност и длабочина во размислувањето, што тие лесно можат да забележат работи кои другите не ги гледаат. Тие изгледаат како да ги разрешуваат проблемите на некој магичен начин.rn

12. Лесно го сфаќаат туѓиот начин на размислување

rnИнтровертите ќе разговараат со вас, ќе ве анализираат и добро ќе го разберат вашиот начин на размислување. Дури и да не се сложуваат со она што го велите, тие сепак ќе знаат зошто и како сте дошле до таков став.rnrn16 работи кои интровертите би сакале да ги разберете за нивrn

13. Не се секогаш срамежливи

rnИнтровертноста и срамежливоста се две сосема различни работи кои се манифестираат на многу сличен начин, па затоа кога луѓето површно формирата мислење за некој интроверт веднаш му лепат етикета на срамежлив. И екстроверите можат да бидат срамежливи. Инторвертите не се срамат од други луѓе, само се порезервирани.rn

14. Енергичните луѓе ги исцрпуваат

rnКога покрај себе имаат некој кој внесува живост и енергија во воздухот, тие чувствуваат дека мораат да се носат со тоа. Но, таквото однесување не е дел од нивната природа и затоа тоа ги исцрпува.rn

15. Сакаат работите да ги работат полека

rnНим им треба повеќе време да тргнат напред. Не се мрзливи, не се плашат, но сакаат полека да грабат напред. Сакаат да се добро подготвени пред да го направат следниот чекор.rn

16. Има многу типови на интровертни личности

rnЗа да ги раберете интровертите, мора да разберете дека постојат многу типови на интроверти. Има многу луѓе кои можат да се наречат така, но сите се различни меѓу себе и различно реагираат во различни ситуации. Кај многумина од нив ќе забележите и карактеристики на екстроверти. Не можете да ги дефинирате со еден збор и затоа треба да се обидете добро да ги запознаете пред да формирате мислење.