7 начини на кои првата љубов ве направила подобра личност
Никој не ја заборава својата прва љубов. Барем тоа се обидува да ни го докаже Николас Спаркс со книгата „The Notebook“. Но, и покрај сè ова верување има вистина во себе. Губењето на првата љубов е болно, особено ако работите завршиле лошо и не онака како што вие би сакале. Па, како се надминува оваа загуба? Првиот чекор е да се обидете да разберете зошто оваа љубов ви е толку важна.
Ефектите на првата љубов
Според веб-сајтот „Psychology Today“, првата љубов е врежана во нашиот мозок бидејќи таа личност ни предизвикала доживување на засилено чувство на привлечност.
„Да чувствувате дека некој ве познава толку длабоко и да познавате вие некого длабоко ги прави сите останати врски површни при споредба“, вели Карл Е. Пикхард.
За жал тој исто така вели дека љубовта која ни изгледа како вечна, не мора да значи дека ќе трае вечно. И тоа боли. Дали тоа е можеби причината поради која не можеме да ја надминеме?
Накратко, да. Хормоните кои се вклучени и во љубовта и во страста се дел од начинот на кој се спојуваме со одредена личност. Според веб-сајтот „LiveScience“, привлечноста кон личноста која ја сакаме е продукт на еволуцијата и тоа значи дека ќе остане во нашите мисли. Овие хормонални ефекти на љубовта можат да ги маскираат мааните кои довеле до крај на врската, а со тоа и да предизвикаат уште повеќе да ни недостасува.
Според „BBC News“, тинејџерите (имајќи на ум дека адолесценцијата е типичниот период кога повеќето луѓе за прв пат се заљубуваат) ја доживуваат фазата на привлекување многу посилно од возрасните. И колку е поцврста врската, толку е потешко да ја пуштите.
И покрај тоа што е навистина тешко да се ослободите од првата љубов, кога конечно ќе го сторите тоа вие ќе станете подобра личност. Еве зошто…
1. Првата љубов ни покажува какво е чувството да се биде заљубен
И тоа е многу неверојатно. Без разлика на крајот, чувствувањето на едно од најневеројатните емоции во светот за прв пат никогаш не треба да биде заборавено. Во ред е да ги чувате тие сеќавања, но имајте на ум дека и покрај тоа што тие остануваат исти, луѓето се менуваат. Прифаќањето на оваа промена е првиот чекор при продолжување понатаму.
2. Првата љубов нè учи како подобро да го сакаме следниот партнер
Размислувајте на првата љубов како на експеримент. Понекогаш работите излегуваат добро, но понекогаш не, и кога тоа ќе се случи откривате што вие цените во една врска и така ќе знаете што да очекувате при следниот обид.
3. Првата љубов нè учи како да ги ставиме другите пред себе
За врската да трае, оние кои се во неа треба да најдат начин како да се ослободат од своето его. Нив им е потребен компромис, кој е коренот на секоја добра врска, без разлика дали е прва или последна.
4. Првата љубов ни покажува какво е чувството некој кој не е дел од нашето семејство длабоко да се грижи за нас
Одлично е чувството да се има личност на која можете да се потпрете во тешки времиња, личност со која не сте роднински поврзани. Ова нè учи на фактот колку е важно да се има ваква личност во животот, без разлика дали станува збор за љубовник или за пријател.
5. Првата љубов нè учи како да ги решаваме нашите проблеми
Таа нè учи дека за љубовта е потребно работа и комуникација. Доколку сакаме да стигнеме на одредено ниво, мора да поминеме низ низа неуспеси и грешки. Но, внимавајте да не ги заборавите овие лекции откако еднаш ќе ги научите!
6. Првата љубов ни предизвикува да сакаме да бидеме подобра личност
Можеби вие не сте оние кои биле отфрлени, можеби било заеднички договор, или пак можеби вие сте ставиле крај на работите. Без разлика на ситуацијата, првата љубов е искуство од кое можете многу да научите, како и да ја подобрите вашата самодоверба, а со тоа и да бидете вистинските вие.
7. Првата љубов ни дозволува да сакаме повторно
Вие сте го отвориле вашето срце еднаш, што значи дека сте способни да го сторите тоа уште еднаш.
Имајќи го сè ова на ум, како навистина да продолжите понатаму?
Една мудра личност еднаш кажала:
„Вие не го надминувате тоа… Вие поминувате низ тоа и го помните, заедно со сите промени, лекции и болки сè додека еден ден не се претвори во сеќавање со замаглени рабови.“
Додека не дојде тој момент, дишете длабоко, издвојте лекции од вашето искуство и обидете се да ги искористите во иднина, кога оваа љубов ќе биде зад вас. Токму тоа се обидува да ни го каже и авторката Ешли Мејсис која пишува за блогот на „Huffington Post“:
„Набрзо вашето срце ќе почне бавно да оздравува од товарот и повредите предизвикани од вашата прва љубов. Тоа ќе почне да се исполнува со среќа, а на тој начин ќе ги избрка старите грижи. И исто како и со секој рецепт кој го пробувате, вежбањето води кон совршенство.“
Вам можеби ќе ви недостасува оваа љубов или ќе ви недостасува самата личност, но првата љубов е онаа која ве направила она што сте денес. Тоа вреди нешто.