4 фризури за мажи кои загубиле поголем дел од косата

Сподели

Речиси секој маж порано или подоцна губи дел од својата коса. Несомнено тоа е еден од најболните процеси низ кои мора да помине секој од нив, но тоа може да се ублажи со следење на советите на стилистите. Ова се нивните препораки за оние кои веќе изгубиле поголем дел од својата коса.rn

Реклама

1. Форма на потковица

rnПотстрижете ја косата на околу 5 милиметри. Доколку ја носите подолга, таа ќе личи на печурка. Вашиот бербер нека се погрижи таа да има форма на потковица, онака како што ја носи Џејсон Статам.

rn

2. Соголено теме

rnДоколку најголем проблем е соголеното теме, направете фризура како Ману Џинобили. Берберот нека ја потстриже скалесто (степенесто) со должина не подолга од еден сантиметар.

rn

3. Слаба коса на целата глава

rnКажете му на берберот да ја потскрати до должина од максимум еден сантиметар и да остави повеќе коса каде што таа не најтенка. Пример дека тоа е најдобриот избор е Мет Лауер.

rn

4. Високо чело

rnАко вашето чело станува сè повисоко и последната линија почнува да оди наназад, можете да си дозволите и коса долга до пет сантиметри, но побарајте од берберот предниот дел да го остави подолг со цел да создадете илузија дека имате повеќе коса. Сликата од Вил Арнет нека ви послужи како пример.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира