КАФЕ ПАУЗА

Болести кои може да ги предизвика долгото седење

Болести кои може да ги предизвика долгото седење

Дали сте знаеле дека долготрајното седење носи дополнителен ризик од одредени болести и дека тој проблем не може да се реши со вежбање? Истражувањата покажале дека ризикот од болести со шеќерот и заболување на срцето расте за 1/4 со секој час поминат на столица, без разлика дали сте физички активни или не. Експертите велат дека е многу важно по 45 минути седење да направите барем 5-минутна пауза со цел да го спречите лошото влијание врз вашето тело.rnrnБолести кои може да ги предизвика долгото седењеrn

Рак

rnСедењето може да биде причинител на неколку видови рак. Според една теорија, неактивните клетки можат да се зголемат вон контрола и на крај да резултираат со појава на карцином.rn

Болести на срцето

rnОваа болест се развива со децении. Луѓето кои поминуваат многу време во седечка позиција имаат дупло поголема опасност за развивање срцеви заболувања.rn

Нарушување на работата на панкреасот

rnСедењето им оневозможува на мускулите ефективно да комуницираат со панкреасот, а со тоа се губи и контролата на нивото на гликоза. Во овие ситуации се лачи многу повеќе гликоза отколку што е потребно и токму тоа може да доведе до дијабетес.rn

Насобирање сало околу стомакот

rnСедењето е совршен начин да соберете маснотии околу вашиот стомак. И покрај тоа што ова не е здраво, тоа и не изгледа убаво на вашето тело.rn

Слаба циркулација

rnСлабата циркулација доведува до појава на тромбоза, што може да резултира со згрутчување на крвта која може да се прошири и до другите делови на телото.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn