10 правила на исхрана според кои се придржуваат Италијанките

10 правила на исхрана според кои се придржуваат Италијанките

Доколку малку подетално ги анализирате Италијанците, веднаш ќе можете да забележите дека повеќето од нив водат здрав и балансиран живот. Според статистиките, само 9% од популацијата има проблем со прекумерна тежина и покрај тоа што ова звучи како научна фантастика имајќи го на ум фактот дека нивната стандардна исхрана се базира на пици и тестенини. Па тогаш, во што е нивната тајна?

10 правила на исхрана според кои се придржуваат Италијанките

1. Трикот е во рамнотежата и малите порции

Италијанките јадат повеќе пати во денот по помали порции. Тие никогаш не следат колку калории внеле во себе, туку прекинуваат со јадење во оној момент кога ќе се почувствуваат сити, односно кога имаат простор само уште за кафе. Во нивната исхрана секогаш има совршен баланс, тие подеднакво внесуваат масти, јаглехидрати и скроб, но јадат и многу риба и пилешко. Ретко јадат црвено месо.

2. Користат само едно масло: МАСЛИНОВО

Маслиновото масло со причина е познато како „златна течност“. Тоа е главна и основна состојка на секој нивен оброк, без разлика дали станува збор за салата, правење сос или кој било друг вид готвење. Маслиновото масло е богато со добри масти кои му се потребни на вашето тело.

3. Најчесто консумираат свежа и сирова храна

Ова особено се однесува на луѓето од југот, во егзотичната Сицилија, каде што секое јадење е обогатено со риби, зеленчуци, овошја, јајца и зачини. Тестенините исто така се служат свежи, со малку маслиново масло, домашен сос од домати и оригано, сервирани во мали порции.

4. Постојано се во движење

Тие често одат на прошетки низ улиците на својот град, покрај реката, во некој парк или во центарот. Исто така тие обожаваат да возат велосипед. За време на летото голем број од нив имаат навика да ги поминуваат викендите на отворено покрај некое езеро, во село. Тие ја обожаваат природата.

5. Мали порции за појадок

Појадокот никогаш не се прескокнува во Италија. Но, за разлика од другите Европејци, тие појадуваат мал кроасан или некој вид колач во комбинација со кафе и млеко.

6. Ретко пијат газирани пијалаци

Многу ретко можете да налетате на Италијанка која пие каков било газиран пијалак. Тие можеби понекогаш одбираат газирана вода, но најчесто пијат вино. Ледениот чај и смудито исто така се нешта кои ги одбегнуваат, но затоа секојдневно пијат капучино.

7. За нив нездравата храна е најголемиот грев!

Доколку некогаш сте биле во класичен италијански маркет сигурно сте забележале дека делот со чипсови и газирани пијалаци зазема многу мал простор. Тие ретко кога практикуваат да јадат нездрава храна. Најчесто во оваа земја не се јаде ништо по вечерата, но во оние ситуации кога го прекршуваат ова непишано правило, тоа го прават со овошје или колач.

8. Пицата не треба да се јаде секој ден

Колку и да ви звучи неверојатно, тие не јадат пица постојано. Ниту пак ви препорачуваат вам да го правите тоа. Во Италија пицата е еден вид храна која се јаде за викенди, доколку сте излезени со пријателите. Исто така кај нив најпопуларната пица е онаа која е богата со различни видови сирења и зеленчуци и која има многу малку калории, а многу хранливи состојки.

9. Лесна вечера

Последниот оброк во Италија е резервиран за некое лесно јадење (освен ако не сте излезени некаде со пријателите). Типичната вечера вклучува супа, мала порција со тестенини или месо, сервирани покрај сирење и зеленчук.

10. Тие никогаш не држат диети

Италијанките спаѓаат во онаа група на луѓе кои не се лудо склони кон диети. Доколку сакаат да ослабат некое кило тие едноставно почнуваат да ја избегнуваат пржената храна и тестенините ги јадат со домашен сос од домати и зеленчук. И најважниот совет од нив е да јадете без грижа на совест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар