Сите мажи се исти е фраза која ни е на сите добро позната. Додека тие се едноставни и лесни за читање, ние жените сме доста комплицирани и под секој душек го бараме зрното грашок. За разлика од мажите кои се тешки на изразување на чувствата, ние жените немаме проблем да кажеме што сѐ ни лежи на срце, па некогаш знаеме и да претераме. Токму затоа, мислиме дека мажите се нечувствителни и не ги интересира ништо освен да си го истераат нивниот ќеиф.rnrn
rnrnНо, мажите ги изразуваат чувствата на малку поинаков начин од нас жените. Тие, наместо зборови, користат допири или одреден тип на однесување со кои сакаат да ни кажат нешто. Иако можеби мислиме дека можеме да ги прочитаме во секој момент, еве што навистина тие ни кажуваат со нивните реакции.rn
1. Ве држи за рака
rnКога нему не му претставува проблем да ве држи цврсто за рака пред сите негови пријатели и членови на семејството, тогаш тој е и те како заљубен во вас. Ако ве држи за рака кога сте во кола, во кино или на вечера, тогаш тој е обземен со вас. Тоа што посегнал да ве фати за рака и не ве пушта цело време кажува многу повеќе отколку што некогаш тоа ќе го направат зборовите.rnrn
rn
2. Ви поминува со прстите низ коса
rnКога мажите се обидуваат да бидат слатки и фини, тие прават сѐ што знаат и умеат за да им покажат на жените колку се убави и посебни. Со самото тоа што обрнуваат внимание на деталите, кажуваат дека сакаат да ве запознаат подобро. А кога со прстите поминуваат низ косата на саканата, тогаш тие всушност изразуваат колку се грижат за неа.rn
3. Ви ја отвора вратата
rnБез разлика дали станува збор за вратата од колата или, пак, од ресторанот каде штотуку влегувате, отворањето врата значи дека се обидува да ве воодушеви. Тој сака вие да имате високо мислење за него, па не му е проблем да ги покаже своите џентлменски особини. А ова ќе се случи само ако навистина му се допаѓате.rnrn
rn
4. Седнува на под
rnОва значи дека вие не го плашите. Во ваше друштво се чувствува удобно и опуштено и сака поубаво да ве запознае. Притоа може да ве држи за раце со што ќе искаже уште поголема желба за интимност.rn
5. Сака да се гали
rnМажите се познати по тоа дека сакаат да се прават силни и мачо, односно не признаваат ништо што вклучува лигавење и однесување како мали деца. Ова значи дека кога сепак на крајот на денот тој сака да седне до вас или да легне и притоа да се гали, тој е до уши заљубен и воопшто не му е грижа дали изгледа како мачо или не. Важно му е дека е со вас.rnrn
rn
6. Ве прегрнува во јавност
rnОва јасно и гласно кажува Таа е моја. Ништо подобро нема да ви покаже ниту вам ниту на другите дека вие сте со него и тој планира така да остане. Тој во вашата врска гледа нешто што е тука за да потрае, па на некој начин со тоа што ја чува раката околу вашата половина дури и кога не сте сами, тој всушност ја означува својата територија.rn
7. Ве бакнува во чело
rnБакнежот во чело е еден од најинтимните и најубави гестови кои мажот може да ги направи. Со овој бакнеж тој ви кажува дека ве почитува, дека се грижи за вас, но најмногу од сѐ дека вие му го имате украдено срцето и тој ќе направи сѐ за да ве задржи засекогаш.rnrn
rn
8. Станува за да ви донесе што и да посакате
rnКој го прави ова? Никој! Никој освен оној кој сака да ви покаже колку му е важно да имате сѐ што ви е потребно и да бидете опколени со грижа и љубов. Иако веројатно не му е лесно да станува секогаш кога вие ќе заборавите или побарате нешто, тој го прави тоа скоро и без да се пожали. Тој ве сака.rn
9. Прави да ви биде удобно
rnВи го нуди палтото кога мисли дека ви е ладно, ве покрива со ќебе кога, гледајќи филм, непланирано сте заспале и слични работи. Сака да ви биде удобно, па прави сѐ што може за вие да продолжите да се чувствувате така. Ова значи дека мисли на вас и дека е подготвен да се врзе бидејќи вие сте таа со која сака да биде.rnrn
rn
10. Ве испраќа
rnНе секој ги има манирите ниту, пак, волјата да направи нешто повеќе од она што налага ситуацијата. Затоа, кога тој ќе се потруди да ве допрати до вашата кола наместо само да ја затвори вратата од станот позади вас, тогаш тој навистина сака да ја помине секоја можна минута со вас. Истото се однесува и на допраќањето до дома. Без разлика дали живеете блиску или не, тој се грижи за вас и сака да се осигура дека сте безбедни.rn
11. Ви помага во носење на вашите работи
rnДали се враќате од некое патување, па имате торби и куфери со себе или се работи за полно кеси бидејќи се враќате од пазарење, тој едноставно не ве остава да ги носите вие. Тој ве обожава, па дури и кога нема потреба тој не сака вие да се мачите. Меѓу другото, сака да ви се докаже себеси на некој начин.rnrn
rn
12. Ве пречекува надвор кога одите кај него
rnОва се дела со кои кажува дека тој има високо мислење за вас. Тој не сака да ве остави да чекате пред врата, па не му е проблем тој да биде тој што чека. Тоа значи дека ве почитува и размислува за вас на повисоко ниво отколку како на девојка за краток период. Можно е дури и во вас да ја гледа потенцијалната сопруга.rn
13. Ви подава рака при седнување или станување
rnПодавањето рака е симбол на запросувањето. Мажот клекнува на едно колено и ја подава рака кон саканата, по што го поставува најважното прашање кое постои во љубовта. Оттука, самото тоа што ви подава рака секој пат кога треба да седнете (на пр. при влегување во кола) или пак кога станувате (на пр. при излегување од кола), дури и кога сте сосема способни да го направите тоа и сами, тоа кажува многу. Тој сака да биде џентлмен, да се осигура дека безбедно ќе поминете низ процесот на седнување/станување и сето тоа бидејќи ве сака и сака да ви подари многу повеќе од тоа. Најмногу своето внимание.rnrn
rn
14. Ве гледа во очи
rnГледањето во очи е еден од најинтимните и најсилни типови на комуникација кои постојат во поглед на паровите. Не секој може да комуницира вака, но оној кој не се плаши да ја покаже својата ранливост пред вас ќе го направи тоа. Тој ве сака и во вашите очи секогаш ќе го бара одговорот на тоа дали и вие го сакате него бидејќи таму секогаш ќе го најде. Кога тој избегнува да ве гледа во очи, тогаш кај него постои несигурност за тоа како се чувствува или, пак, страв дека ќе откриете нешто што не треба. Но кога ве гледа во очи, тој се обидува да ги изрази своите најдлабоки чувства кои можеби не знае да ги преведе во зборови.rn
15. Ви готви прекрасни јадења
rnПостои огромна разлика во готвење и готвење со љубов и тоа е разлика која многу лесно се забележува. Доколку готви нешто само колку да јадете, тогаш тој не се труди многу и гледа да ги задоволи основните потреби. Но кога размислува на секој детаљ и на крајот ви сервира прекрасно јадење, тогаш тој навистина дава сѐ од себе за вие да бидете среќни, задоволни и исполнети. Исто така, се обидува да ви покаже дека е способен да биде семеен човек, добар сопруг и не се плаши од тоа што го носи иднината.rnrn