Честопати во текот на нашето школување ни паѓало на памет да ги излажеме професорите, мислејќи дека тие не забележуваат што се случува, но вистината е дека тие точно знаат кога лажеме. Од тоа кога навистина треба да одиме во веце, до тоа кога некој нè повредил, професорите се меѓу првите кои ги согледуваат очигледните знаци.rn
1. Која е вашата симпатија
rnСудбината не е онаа која ве спои со него/неа. Професорката беше.
rn
2. Кога ви се оди во тоалет
rnМожеби со усните велите дека ви се оди во тоалет, но раката во џебот е јасен показател дека морате да вратите на пораката која ви стигнала пред неколку минути, а знаете дека на час ќе бидете фатени.
rn
3. Што всушност се случило со домашната работа
rnБаш за домашната се погоди да немате интернет? А имавте за да се седите со часови на социјалните мрежи. Да, да, чудно и необично, навистина.
rn
4. Кога немате научено
rn90% од класот добиле високи оценки, а вие се вадите со тоа дека професорот ве мрази. Професорот не ви е крив што не сте седнале да научите.
rn
5. Кога пишувате пораки
rnПогледот надолу, телефонот во рацете. Плус, стравот дека ќе бидете фатени е тоа што најмногу ве издава.
rn
6. Кога премногу се трудите за да се вклопите
rnКога правите сѐ што ќе ви речат, без разлика колку е глупаво, ни малку не се познава колку сте очајни. Нее..
rn
7. Кога не го користите целиот потенцијал кој го имате
rnПаметни сте, но бегате од часови и не учите. Нема нешто што ги иритира професорите повеќе од ова.
rn
8. Или кога едноставно „не ви оди“ предметот
rnСите имаме еден предмет во кој сме особено добри, но тоа не значи дека не треба да се трудиме во оние кои едноставно не се за нас.
rn
9. Кога се однесувате ужасно кон другите ученици
rnСигурни сте дека не знаете зошто добивте дополнителна домашна или зошто баш вас ве одбраа да правите проект? Сосема сте сигурни?
rn
10. Кога другите се однесуваат ужасно кон вас
rnНатажениот лик кажува сѐ.
rn
11. Кога не ја сакате професорката
rnПревртувањето со очите се забележува, па макар и да сте во последната клупа, но тоа толку и не ги интересира професорите.
rn
12. Кога ви се допаѓа професорката
rnВерувајте дека се познава, иако таа е свртена со грб. Особено меркањето, тоа најмногу се забележува.
rn
13. Кога едноставно нешто не ви е денот
rnСмачено ви е од сѐ и сакате само да потонете во длабок сон и никогаш да не се разбудите. Токму затоа и не ве вознемируваат професорите.
rn
14. Кога треба да се ослободите од часови
rnВи се слоши само што стигнавте на училиште, токму пред големото испрашување? Каква случајност.
rn
15. Кога родителите премногу ви го прават меракот
rnСамите родители го кажуваат тоа.
rn
16. Кога препишувате домашни едни од други
rn10 исти реченици? Сигурно е телепатија во прашање, па дури и исти мисли имате.
rn
17. Кога лажете
rnОва сигурно не им е прв пат како предаваат, а вие сигурно не сте првите ученици кои тие ги имаат. Па и самите професори го правеле истото.
rn
18. Кога сте се помачиле да научите
rnПа добро се гледа дека било пет на четири, ама ете петка поради трудот кој сте го вложиле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

