Постои нешто многу привлечно во маж кој знае како да ги носи своите очила. Тој изгледа интелигентно, внимателно и топло. Тој никогаш не делува како закана, туку остава неодолив и сладок впечаток. Тој не се плаши да биде оној кој навистина е, не се грижи за мислењето на луѓето околу него и знае точно што сака. Погледнете ги и останатите причини зошто би требало да му дадете шанса на момчето со очила кое веќе некое време срамежливо флертува со вас.
rn
1. Изгледа интелигентно
rnМожеби станува збор за клише, но момците со очила изгледаат многу попаметно од останатите. Постојат стереотипи за оние кои носат очила дека имаат повисоко образование, па дури и тоа да не е точно, неговите очила ќе укажуваат на повисока интелигенција.rn
2. Чита многу книги
rnОчилата и оние кои многу читаат често одат „рака под рака“. Не постои ништо посекси од тип кој носи очила и седи покриен со ќебе покрај камин додека чита новела. Тој изгледа како оној жежок професор од вашиот факултет со кој флертувавте.rn
3. Не мора да се грижите за вашите маани за време на сексот
rnБидејќи мора да ги тргне очилата на почетокот од предиграта, тој ќе ве гледа малку заматено. Токму затоа без разлика на малите несигурности кои ги имате за вашето тело, ќе можете целосно да се опуштите бидејќи тој воопшто нема да може да ги забележи. Не дека би ги забележал и со очилата…rn
4. Изгледа како Кларк Кент
rnА кој не би сакал секси и интелигентен дечко кој потајно е Супермен?rn
5. Не се плаши да биде оној кој навистина е
rnДоколку спортува со своите очила, тогаш тој навистина не се грижи за мислењето на јавноста. Да му било важно тоа што другите го зборуваат, тогаш ќе си земел контактни леќи. Тој знае кој е и удобно му е во својата кожа, бидејќи знае дека е важно само она што се крие под површината.rn
6. Тој јасно ја гледа вашата врска
rnТој едноставно изгледа како личност на која може да ѝ се верува. Не игра игри со вас ниту пак сака да ги залажува девојките. Тој знае што сака, јасно го гледа тоа и ефикасно може да го изрази.rn
7. Не се потпира на својот изглед
rnТој знае дека неговиот мозок е оној кој навистина вреди. Не велиме дека тој не е привлечен, бидејќи сигурни сме дека е, но не чувствува потреба да стави акцент на својот изглед. Тој ја посетува теретаната за да биде поздрав, се облекува добро затоа што на тој начин се чувствува подобро и знае дека вреди многу повеќе од неговата надворешност.rn
8. Гледа на работите од повеќе страни
rnНеговите очила му овозможуваат поглед од различни перспективи, па токму затоа тој може да дојде до различни решенија на проблеми кои оние кои не носат очила можеби никогаш не би ги откриле.rn
9. Можеби е далековид, но секогаш е во ваша близина
rnТој е тука секогаш кога вие имате потреба од него, бидејќи е човек на кој едноставно можете да се потпрете. Оној кој би ве „изиграл“ никогаш не би носел очила, бидејќи тоа звучи некако контраинтуитивно.rn
10. Не може да го забележи вашиот утрински поспан лик
rnНе мора да се грижите за вашиот изглед наутро, веднаш по будењето, бидејќи тој едноставно не може детално да ве види без своите очила. Вие сте исто толку прекрасна во неговите очи како и кога си легнавте претходната вечер, а токму ова размислување може да го намали притисокот на почетокот во врските.rn
11. Тој е личност која би сакале да ја запознаете со своите родители
rnМомците со очила се оние со кои сакате да се венчате. Тие се малку срамежливи, поради што даваат впечаток на скромност, фини, пристојни и нежни и токму затоа знаете дека секогаш ќе се грижат за вас и дека ќе бидат одлични татковци на вашите деца.rn
12. Тој се издвојува во гужвата
rnДоколку сте на концерт или во дискотека и доколку некако се изгубите во гужвата, тогаш најлесниот начин да го пронајдете вашето момче е доколку се фокусирате на неговите очила.rn
13. Тој е подготвен на сè
rnТој е едноставно отворен за нови возбуди и авантури во својот живот и нема да се воздржува кога ќе ви покажува колку е возбуден што успеал да ве пронајде вас за заедно да го истражувате секој агол на светот.

