Секој човек е приказна сам за себе. Со своите доблести и маани, секој е уникатен и единствен и како таков, тој е некому совршен. Всушност, кога се заљубувате во некого, тоа е поради сите оние убави, но и оние „лоши“ особини кои на некој начин заедно ве шармирале. Ако сакате некого, тоа е бидејќи таа личност за вас е убава во секое светло и знаете дека оние недостатоци и маани кои таа ги има ја прават таква каква што е и се дел од причината поради која вие го чувствувате тоа што го чувствувате. Со други зборови, кога некого сакаме, ние всушност го прифаќаме и убавото и лошото кај нив. А ако се прашувате кои се тие „маани“ кои треба да ги поседува вистинската девојка за вас, тогаш погледнете подолу.rnrn
rn
1. Се грижи за вас и повеќе одoшто е потребно
rnСѐ што е претерано не чини, но грижењето за вашата среќа никогаш не е. Таа се грижи бидејќи сака да бидете среќни и насмеани. Ништо повеќе и ништо помалку.rn
2. Потребно ѝ е многу време да се подготви за излегување
rnНаместо да ја критикувате бидејќи доцни, помислете на фактот дека сето тоа е токму поради вас. Таа е за вас во секое издание убава, но треба да покажете дека го цените фактот дека сепак сака да изгледа уште поубаво.rn
3. Ви ги посочува вашите недостатоци
rnВие знаете дека ги имате, а и таа ве сака без разлика на нив. Тоа што ви посочува на тие недостатоци е бидејќи сака да бидете најдобар што може. И не само за неа, туку за самиот вас пред сѐ.rn
4. Непредвидлива е
rnСпонтаноста е една од најзабавните и најослободувачките чувства на светот. А најубавото во врска со тоа е што никогаш не се знае каков ќе биде крајот на патувањето. Непредвидливата девојка секогаш ќе ве изненадува и со неа ќе ви биде сѐ освен досадно.rn
5. Барањето совршен подарок за вас е долго патување
rnВо свет на вештачки емоции и незначајни подароци, таа се обидува да го најде подарокот кој за вас ќе биде совршен без разлика колку време ќе ѝ биде потребно за тоа. Најубаво е што тоа е подарок од срце.rn
6. Се грижи за себе, па вие покрај неа не изгледате ни приближно убаво
rnМожеби звучи лошо вака кажано, но колку пати ви се случило таа да јаде здраво, а вие не? Или, пак, таа да се дотера за излегување, а вие сте облечени во првите две парчиња облека кои ви се нашле при рака?rn
7. Таа е секогаш во право
rnИ секогаш ќе биде. Едноставно нема поента да се расправате бидејќи на крајот секако се согласувате со неа. Но она што е навистина важно тука е дека таа е, без разлика на тоа, секогаш на ваша страна.rn
8. Потребен сте ѝ, но може и без вас
rnПотајно секој заљубен човек сака да знае дека неговиот партнер не може без него, па затоа е веројатно фрустрирачки кога ќе видите дека вашата сакана и може и не може без вас. Ја сакате знаејќи дека сте ѝ потребен бидејќи тоа е убаво чувство, но тоа дека е доволно самостојна за да може и без вас ќе направи да ја сакате уште повеќе.rnrn
rn
9. Ве форсира да бидете подобри
rnМногу луѓе прават лице кога се однесуваат како да се грижат за вас, но онаа личност која го прави тоа бидејќи знае дека можете повеќе и подобро, е онаа која ве сака. Таа тоа го прави за ваше добро, бидејќи сѐ додека не дадете максимум од себе никогаш нема вистински да уживате во животот.rn
10. Го кажува тоа што ѝ лежи на срце и на ум
rnТаа е личност како и сите други и има свои мислења и ставови кои не ѝ е страв да ги искаже. Тоа е особина која ретко може да се најде кај луѓето. Со други зборови, таа е искрена и директна и со неа ќе знаете на што сте иако може не секогаш ќе ви се допаѓа тоа.rn
11. Секогаш сака да се држите за раце или да бидете гушнати
rnИако надвор се 50 степени и вие не можете да дишете, сепак таа инсистира да се држите за раце или да се гушкате. Убавината на тој момент е што колку и да ви е топло, чувството кога таа ќе се припие до вас е непроценливо и во тие моменти ја сакате повеќе од кога било.rn
12. Ако таа го прави, го правите и вие со неа
rnБез разлика за што станува збор, таа настојува да го правите тоа заедно. Може да е нешто што го сакате и вие, но може и да е нешто што го мразите. Но неа ја сакате, а таа само сака да биде со вас и да ве вклучи во она што сака да го прави бидејќи тоа е секогаш поубаво кога сте вие покрај неа.rn
13. Очекува да ја сакате повеќе од што било
rnТаа ве сака вас со цело срце и душа и нормално е дека очекува и вие да ја сакате неа. Очекува таа да ви биде целиот свет и иако невозможно, она што навистина го сака е малку внимание и многу љубов бидејќи тие кажуваат сѐ.rn
14. Прави да чувствувате страв дека може да ја изгубите во секој момент
rnЧувството на несигурност кое оди рака под рака со овој страв е неверојатно лошо чувство иако таа не го прави тоа намерно. Но кога малку би размислиле, ќе согледате дека сето тоа е со цел да сфатите колку таа ви значи и колку многу би изгубиле кога би ја изгубиле неа.rn
15. Очекува да го поминете остатокот од животот со неа
rnЖените се многу поконструктивни од мажите. И тие планираат. А мажите, кога станува збор за врските, се плашат најмногу од тоа – обврски. Но вие се сакате, па замислата целиот живот да бидете заедно не треба да ве плаши бидејќи ја имате таа среќа да го поминете остатокот од животот со многу љубов. А оваа шанса е многу ретка.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn