Макарони со сирење во микробранова, готови за само неколку минути
Потребни состојки за една шолја:
rn
- rn011
- 50 грама макарони
- 120 мл вода
- 60 мл млеко
- 40 грама рендано чедар (или какво било друго) сирење
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn011
- Ставете ги макароните и водата во голема шолја или мала длабока чинија.
- Ставете го садот во микробранова и гответе на најсилно две минути, а потоа измешајте. На моменти водата може да истече од шолјата, но тоа не е страшно. Доколку не сакате тоа да се случува, гответе во поголема чинија.
- Повторно ставете ја шолјата во микробранова и гответе барем уште две до четири минути, при што на секои две минути ќе ја вадите за да промешувате. За ова време макароните треба целосно да ја апсорбираат водата и да се зготват. Доколку тоа не е случај, продолжете ја истата постапка колку што е потребно.
- Потоа додајте ги млекото и ренданото сирење, измешајте и гответе во микробранова уште една минута. Тогаш вашиот оброк е спремен за јадење.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

