Зошто понекогаш „терапијата шопинг“ е лоша идеја?

Зошто понекогаш „терапијата шопинг“ е лоша идеја?

Кога работите ќе тргнат во лоша насока, голем број жени одлучуваат да си купат нешто убаво со цел да се чувствуваат подобро. Но, една нова студија ни покажала дека оваа „терапија“ не само што не ни помага, туку понекогаш може и да предизвика да се чувствуваме полошо.

Зошто понекогаш „терапијата шопинг“ е лоша идеја?

Студијата која била објавена во журналот „Consumer Research“ го истражувала чувството на намалена вредност за себе и како испитаниците се справувале со тоа. Резултатите покажале дека оние кои се „наградувале“ со мал шопинг биле уште понесреќни, бидејќи кај нив не само што имало недостаток на самоконтрола, туку исто така и на тој начин подолго време биле „заглавени“ во проблемот. Истражувачите објаснуваат:

„Потрошувачката понекогаш може да компензира за нашите неуспеси, но ова не функционира секогаш. Потрошувачите кои ги користат продуктите со цел да ја зголемат вредноста за себе во своите очи изгледа дека подолго време се задржуваат на своите проблеми и нивната самоконтрола е нарушена. По доживувањето на препрека во одредена област од нивниот живот, потрошувачите се обидуваат да го зголемат нивното чувство за себе во други области од животот. На пример, потрошувачот чие чувство за интелигенција е нарушено, наместо да се справи со тоа, тој се обидува да ја зголеми својата социјална вредност преку шопингот.“

И покрај тоа што сме сигурни дека знаевте дека шопингот не може да ви ги реши сите проблеми, сепак според ова истражување може да се заклучи дека тој може да ви предизвика и нова низа проблеми. Токму затоа наместо наредниот пат да си купите нов кармин со цел да ја подобрите вашата лична вредност за себе, фокусирајте се на вашите емоции и справувањето со нив. И да бидеме реални, тој кармин би бил многу посладок доколку го купите во добро расположение.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар