7 тајни на француската кујна кои можете да ги примените дома

Сподели

Француската кујна важи за една од највкусните во светот, но нејзината тајна не е само во рецептите. Французите имаат еден посебен однос кон храната кој како краен резултат ги дава вкусовите по кои ja познаваме. Ако сакате да со доближите до нив, откријте ги овие седум тајни на нивната кујна и применете ги кај вас дома.

Реклама

rn

1. Јадете свежа и природна храна

rnФранцузите не се потпираат на однапред подготвена храна која подоцна ја топлат во микробранова печка, ниту пак сакаат брза храна. Тие често се на зелените пазари од каде што купуваат свежа и природна храна од која потоа ги готват јадењата. Тие се многу горди на тоа.

rn

2. Локалните сезонски производи се најдобри

rnШтом купуваат од зелените пазари, се разбира дека храната што ја консумираат е сезонска и најчесто е произведена некаде во близина, а не увезена од друго место. Јадењето одреден вид храна во одреден дел од годината не е само традиција, туку и начин да се заштедат пари.

rn

3. Нема премногу зачини

rnВкусот на традиционалните француски рецепти доаѓа од состојките од кои се направени и од комбинациите со другата храна со која се сервираат. Тие не користат премногу зачини. Се знае дека рибата оди со лимон, а црвеното месо со сенф. Затоа нема многу потреба од сол или други зачини. Храната и без нив е доволно вкусна.

rn

4. Мастите не се страшни

rnФранцузите никогаш не размислуваат дали во храната има масти или не, а сепак се едно од најздравите општества во Европа. Тајната е во тоа што користат масти кои се добри за организмот. На југот на земјата главно се користи маслиновото масло, а северниот дел преферира путер, но ги консумираат во умерени количини и произведени и приготвени на вистинскиот начин.

rn

5. Не фрлајте храна

rnВо француската кујна можете да најдете рецепти кои се прават од делови од храната кои сите ние ги фрламе, како на пример, супа од зелениот дел на морковот. Така храната максимално се користи, а се штедат и пари.

rn

6. Секој оброк е празник

rnПокрај тоа што на работа поминуваат само по седум часа дневно, Французите можат да уживаат и во едночасовна пауза за ручек. Тоа покажува колку оброците се важни за нив. Тие се вистински празник. Сите се собираат околу масата на долготраен ручек кој започнува со предјадење, па продолжува со главното јадење, сирењето, десертот и на крај кафето. Тоа е период кога буквално сите банки, аптеки, продавници и сл. се затворени. Луѓето треба да јадат на мира.

rn

7. Од сè во умерени количини

rnКако што веќе спомнавме, тие важат за едно од најздравите општества во Европа. Тоа звучи неверојатно ако се знае дека тоа е земјата на највкусните печива и десерти. Сепак, доколку тоа се јаде во умерени количини, може и да се ужива во неговиот вкус и да се зачуваат здравјето и добриот изглед. Тајната е доста едноставна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира