10 видови храна за рамен стомак

10 видови храна за рамен стомак

Добро балансираната исхрана е клучна при губењето на масното ткиво и добивањето рамен стомак. Без неа тоа не е возможно. Притоа не е битно само колку јадете, туку и што јадете. Затоа гледајте да ги вклучите овие десет видови храна во вашиот режим на исхрана за по некое време да почнете да ги чувствувате резултатите.

10 видови храна за рамен стомак

Авокадо. Тоа е полно со т.н. добри масти. Тие не се складираат како сало, а истовремено брзо ве заситуваат. Половина авокадо како дел од појадокот ќе направи да јадете помалку во текот на целиот ден.

Бибер. Овој зачин содржи состојка наречена пиперин, која се бори против формирањето на нови масни ќелии. Додајте малку бибер во оброкот секогаш кога можете.

Јаболка. Јадете свежи јаболка за подобро чувство во стомакот, а и за слабеење. Тие содржат состојки кои го помагаат варењето на храната, а освен тоа ќе ве снабдат и со влакна.

Бадеми. Здравите масти кои ги содржат ќе ве заситат брзо и затоа се одлична ужина. Но внимавајте да не изедете премногу од нив затоа што се доста калорични.

Јагоди, малини и боровинки. Овие и другите бобинки се полни со влакна кои брзо ќе ве најадат. Покрај тоа, јаглехидратите кои се среќаваат во нив се од таква природа што не можат да се складираат како масти.

10 видови храна за рамен стомак

Бела риба. Полна е со протеини и поради тоа бавно се вари. Затоа во меѓувреме нема да ви се јаде на секои два часа.

Зелен зеленчук. Јадете сè што спаѓа во зеленчук и е зелено. Нема шанси да погрешите. Тој бавно се вари и е добар за варењето, а исто така состојките кои ги содржи не дозволуваат шеќерите брзо да стигнат до крвта, процес кој инаку придонесува тие да се складираат како масно ткиво.

Моцарела сирење. И сирењето е богато со протеини. Сурутката и калциумот помагаат во губењето на килограмите, како и во градењето на цврсти мускули.

Семки од шишарки. Тие се голем потиснувач на гладот. Само една рака од нив може да ја одложи потребата за јадење и до четири часа.

Лосос. И тој е богат со здрави масти кои се претвораат во енергија и не се таложат на телото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар