КАФЕ ПАУЗА

3 стилови на коса поради кои изгледате постаро

3 стилови на коса поради кои изгледате постаро

Можеби имате секакви креми и серуми против стареење, но вашата коса може да биде причина за лажните години. Факт е дека секоја жена како што повеќе старее сака да си ги скрие годините. Затоа откријте кои фризури ви додаваат неколку години плус и пробајте ги нивните помладешки верзии.rnrn0-3-stilovi-na-kosa-poradi-koi-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

1. Прав боб или виткан боб

rnДефинитивно виткан, а еве и зошто. Кога стареете ги губите цртите на вашето лице. Затоа не сакате да имате остри линии и рабови во пределот на лицето. Левата фризура е целосно права и без шишки заради што се огрубува ликот, додека десната има странични шишки кои го омекнуваат изгледот и локни кои го прават лицето да изгледа пополно и посвежо.rnrn

Целосно прав боб (лошо) и виткан боб (добро)
rn

2. Волумен во горниот или во долниот дел

rnОчи со подочници и свисната кожа се најочигледните знаци на стареењето, а волуменот на косата во долниот дел прави целиот ваш лик да изгледа како свиснат. Другата фризура има мали бранови во долниот дел, додека целиот волумен е фокусиран во горниот предел, па изгледа многу полесно. Волуменот е распореден, но има малку повеќе во пределот на темето така што вниманието е насочено во горниот дел од главата, а лицето изгледа помладешко и поздраво.rnrn

Волумен во долниот дел (лошо) и волумен во горниот дел (добро)
rn

3. Целосно права или природни кадрици

rnВреме е пеглата за коса да се одмори. Правата коса го „отежнува“ изгледот и ја истакнува секоја линија на лицето, особено ако косата е многу долга. Суптилните кадрици создаваат поголемо движење, ведрина и живост на вашиот изглед. Но, ако веќе мора да биде права, тогаш барем обидете се со пократка должина, некаде до рамениците.rnrn

Права (лошо) и благи кадрици (добро)