Најубавите Инстаграм профили кои сигурно ќе ви ја дадат потребна утринска модна инспирација

Сподели

Факт е дека кога ќе се разбудиме наутро, попрво го земаме телефонот отколку четката за заби. Иако дигиталната зависност си има свои лоши страни, „демнењето“ на Инстаграм во утринските часови може да биде добро за вашиот џеб, а и да ви помогне да ги избегнете мислите од типот: „Се надевам никој нема да забележи дека го носам истиот џемпер“.

Реклама

Следниот пат кога ќе се разбудите и ќе посегнете по телефонот, побарајте ги овие Инстаграм диви кои ќе ве натераат поинаку да го гледате плакарот.rn

1. KinksArePink

rnЌе се восхитите од нејзината способност за слоевито облекување и нејзината љубов кон капите. Плус нејзините утрински мотивации сигурно ќе ви го разубават денот.

rn

2. EaEmileeAnne

rnНејзиниот „шик без труд“ изглед нѐ натера да ѝ ракоплескаме. Без разлика што и да прави, оваа блогерка и дизајнерка на накит точно знае како да го направи тоа.

rn

3. FrassyAudrey

rnНајлесна дефиниција за нејзиниот изглед е: европската улична мода се судира со желбата за патување. Следејќи ја неа, ќе сфатите дека не морате да трошите „смешна“ сума на пари за чанта, бидејќи оваа блогерка честопати носи слатки брендови кои и нам ни се достапни како H&M и Зара, а сепак изгледа како милион долари.

rn

4. LaBelleMel31

rnЖенствен стил со блага ексцентрика. Ништо помалку и не би очекувале од фотографка на свадби.

rn

5. DressingOutsideTheBox

rnОблеката на оваа Германка е како чаша еспресо која нѐ полни со енергија, а ние сме целосно навлечени на неа.

rn

6. PlatinumAndPenniless

rnНејзиниот стил е спој на минималистички гламур со рокерски шик. Одличен пример за тоа е овој фустан во комбинација со искинати фармерки. Генијално.

rn

7. VanishaLifeUnstyled

rnИако постојано патува од Фиџи до Нов Зеланд, Ваниша сепак секогаш има време да објави слика од нејзината шик гардероба.

rn

8. KarenBritChick

rnНѐ освои со нејзината смисла за хумор и нѐ натера да посакуваме уште од нејзиниот еклектичен уличен стил и ведар карактер.

rn

9. StyleOnTarget

rnИнтересно е што нејзината имагинација оди до такви граници, што во секоја комбинација има барем по едно парче од продавницата Таргет. 10 поени за креативност од нас.

rn

10. KaitlinKKeegan

rnНе постои некој кој знае подобро да го разигра обичниот џемпер како оваа девојка. Со нејзините интересни комбинации таа нѐ убеди да ја засакаме зимата. Во нејзините слики ќе пронајдете различни инспирации за џемпери, елеци, капи и слоевито облекување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира