КАФЕ ПАУЗА

6 знаци дека сте зависни од нешто

6 знаци дека сте зависни од нешто

Written by

in

,

Нема ништо лошо во тоа да се ужива во нешто, но било тоа да е играње видео игри, јадење или гледање телевизија, постои тенка линија помеѓу здравото уживање во нешто и зависноста. Овие шест знаци ќе ви помогнат да сфатите на која страна од линијата се наоѓате.rnrn6 знаци дека сте зависни од нештоrn

1. Важност

rnКолку она што го правите ви е важно во животот? Ако тоа е играње видео игри, дали трошите повеќе време на играње видео игри отколку на други активности како дружење или спорт? Зависниците придаваат апсолутен приоритет на помалку важни работи во споредба со оние кои носат најголема радост во животот.rn

2. Реакција на активноста

rnДали вашата активност прави да се чувствувате подобро и ви носи олеснување, додека нејзиното одложување и неправење ве фрустрира? Исто како што алкохоличарите се фрустрирани кога немаат алкохол на дофат?rn

3. Опседнатост

rnАко вашата активност секогаш трае подолго отколку што првично сте планирале, можеби станува збор за зависност. Секогаш велите „само уште малку“ и завршувате јадејќи и играјќи видео игри со часови, чувствувајќи потреба никогаш да не престанете со тоа. Во таков случај не сте на добар пат.rnrn6 знаци дека сте зависни од нештоrn

4. Немир при престанувањето

rnЗависниците се чувствуваат непријатно кога се спречени во правењето на она што сакаат да го прават. Како што пушачите се вознемирени кога не можат да запалат цигара, така и оние што се зависни од гледање телевизија не се чувствуваат убаво кога далечинското не им е на дофат.rn

5. Запоставување на обврските

rnЗависниците обично се во ситуација во која поради својата „страст“ не се во можност да одговорат на секојдневните обврски во животот. На пример, човек кој е зависен од играње видео игри може да ги запостави врските со партнерот и пријателите, послабо да ги извршува домашните обврски, па дури и да спие помалку.rn

6. Постојано враќање кон истата навика

rnЗависникот може некако да согледа дека тоа што го прави му нарушува некои работи во животот, но пак завршува правејќи ги истите работи. Тие велат дека „од утре завршуваат со ова“, но до утре секако ќе се појават причини зошто тоа да не биде така. Сите тие причини се поврзани со зависноста.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.