12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле
По некој филм за сечиј вкус…
1. Бес (Fury)
„Бес“ е името на тенкот со кој управува четата на полковникот Дон Колиер. Составена е од најразлични луѓе, никој по своја вина залутан во Втората светска војна во моментите кога таа е при крај. Извонредна воена драма која се фокусира на хуманата страна на луѓето кои учествувале во војната.
2. Нов почеток (Begin Аgain)
Кира Најтли игра млада перспективна пејачка која е во сенка на своето славно момче, чија улога ја толкува Адам Левин од Марун 5. Таа ќе биде откриена од еден музички продуцент кој е пред пропаѓање и е единствениот кој верува во нејзиниот потенцијал. Филмот е исполнет со многу поп рок музика, а една од нив доби и номинација за Оскар.
3. Ако останам (If I stay)
Млада девојка паѓа во кома после тешка сообраќајка. Тогаш има едно од оние искуства кога душата го напушта телото, а тоа е моментот кога ќе може да реши дали сака да се врати во живот и да живее многу поразлично од порано или да не се мачи со таквиот живот.