12 ужасни цимери кои може да ви се паднат

Сподели

Има луѓе кои не знаат да живеат со други луѓе и понекогаш баш некој таков ќе ви стане цимер. Некои од нив воопшто не сте ги познавале претходно или можеби сте ги познавале но сте имале подобро мислење за нивните навики. Како и да е, тие можат да се поделат во овие 12 групи.rn

Реклама

1. Гребатор

rnТој си купува тоа што му е потребно, но преферира да ги троши вашите храна, шампон или цигари.

rn

2. Оној што „го живее животот“

rnОвој не знае да ги почитува туѓите простор, време и мир. Не прави разлика кога е време за забава, а кога не е. Може да повика луѓе и да направи седенка дома, а вие да не знаете за тоа додека не дојдат гостите. Или може да пушти гласна музика додека вие спиете, тврдејќи дека „треба забава за да се ужива во животот“.

rn

3. ТВ владетелот

rnГледа сè што се дава на телевизија и не го дава далечинското.

rn

4. Оној што не ги мие садовите

rnТој ќе дозволи да се соберат садови од три дена во мијалникот затоа што миењето садови е домаќинска работа, а тој/таа е горд/а што не е домаќински тип.

rn

5. Водно животно

rnБањата е неговото/нејзиното кралство. За вас е мистерија што може да се прави таму во толку долг период.

rn

6. Оној што не пушта вода во тоалетот

rnНема што да се додаде. Треба нов цимер.

rn

7. Оној што не го фрла ѓубрето

rnСмета дека фрлањето на ѓубрето не е голема работа и тоа може да почека. А додека чека, ѓубрето се собира и почнува да личи на кула.

rn

8. Штедачот на парно

rnДа потекнуваше од северниот пол, ќе разберевте. Но, вака не е јасно зошто му/ѝ е топло секогаш кога на сите други им е студено.

rn

9. Казанова

rnСе фали со колку многу партнерки спиел, а за да го докаже тоа се труди да биде колку што може погласен за време на сексот. Не дека ви пречи тоа, но чудно е чувството кога тие звуци ви се наменети вам и на комшиите.

rn

10. Жалителот

rnПостојано ќе ве потсетува кои се вашите обврски. Ќе сработи една домашна работа а потоа се жали дека тој/таа работи сè, а вие ништо.

rn

11. Оној/онаа што само префрла

rnНаместо да разговара со вас за работите што му/ѝ пречат, тој/таа ви префрла откако ќе се случат работите. И кога ќе го/ја прашате во што е проблемот, ќе рече: „Ништо“.

rn

12. Девојката што остава коса во бањата

rnСе прашувате како може сè уште да има коса на главата. Проблемот е во тоа што не го чисти она што го остава зад себе.

Популарно

Може ќе ве интересира