Претходно
Само сочувствителните луѓе би ги направиле овие 20 нешта
Да се биде сочувствителен значи да се чувствува емпатија и разбирање за чувствата и потребите на другите. Ваквите луѓе ќе ги препознаете по тоа ако ги направат овие 20 нешта.
- Тие ги ставаат туѓите потреби пред своите. Свесно или несвесно, ним многу им се важни потребите на оние што ги сакаат.
- Прво слушаат, па потоа зборуваат. Ги опсервираат туѓите потреби и чувства, а потоа кажуваат што мислат или чувствуваат во врска со тоа.
- Доброволно се откажуваат од нешта за да им помогнат на другите. Ним можете да им се јавите на сред ноќ за да им се жалите за раскинувањето.
- На туѓите проблеми им пристапуваат како на свои. Тие имаат способност да препознаат кога некој друг има проблем и да одберат прав метод на делување во однос на тоа.
- Секогаш ви го чуваат грбот. Никогаш не ги напуштаат оние кои ги сакаат. Затоа се толку посакувани за пријатели.
- Мислат со мозокот, а не со емоциите. Тие не подлегнуваат на емоциите во стресните ситуации, туку разумно ја опсервираат ситуацијата и делуваат согласно своите уверувања.
- Привлекуваат безусловна љубов, затоа што и ја даваат. Тие едноставно зрачат со љубов.
- Лесно простуваат. Знаат како да ги пуштат негативните емоции да излезат од нив на мирен начин.
- Не уживаат во конфликтите, но не бегаат од нив. И во оваа ситуација тие прво слушаат, потоа опсервираат и на крај постапуваат разумно. Ќе го избегнат конфликтот ако нема што да се добие од него, но не и кога имаат што да изгубат доколку не водат битка.
- Можат да пронајдат по нешто заедничко со секого. И тоа е дел од разбирањето на другите.
- Искуствата ги вреднуваат повеќе од парите. Искуствата им овозможуваат повеќе позитивни емоции и задоволство отколку парите.
- Како што се љубезни со другите, така се љубезни и кон себе. Ако не се сакаш себеси, не можеш да ги сакаш ни другите.
- Внимаваат на квалитетот на својот живот. Сè што прават е обмислено и со доза на страст.
- Ги почитуваат туѓите мислења. Разбираат дека секој го гледа светот од сопствената позиција во него и ги формира ставовите во согласност со она што го гледа. Разбираат и дека со некои луѓе имаат идентични ставови, само ги изразуваат на различен начин.
- Веруваат дека знаењето не е изгубено ако се сподели. Тие им помагаат со своето знаење на оние што ги сакаат. Не го чуваат своето знаење за себе само за да изгледаат попаметни.
- Имаат одлични манири. И тоа прави луѓето да се чувствуваат добро во нивно друштво.
- Го вадат најдоброто од другите. Како резултат на сè што е наведено досега, тие умеат да ги поттикнат другите да бидат подобри личности вадејќи го најдоброто од нив.
- Знаат да им направат ќеиф на родителите. Или на родителите на партнерот. Знаат како да импресионираат.
- Секогаш се осврнуваат на своите емоции. Затоа што срцето знае што е правилно, а што не.
- Знаат што сакаат во животот и не им е гајле што другите мислат за тоа. Тоа си е нивно право.