Знаци на заљубеност кај една жена

Знаци на заљубеност кај една жена

Љубовта и заљубеноста се два различни поими. Заљубеноста е онаа хемија која сигурно ве има подигнато неколкупати во текот на вашиот живот. На почетокот на тој процес, ни самите не сте свесни дека сте заљубени, дека телото различно ви реагира на надворешниот свет, ви се врти во главата кога ќе помислите на другата личност, а некои дури ги мачи и несоница.

Знаци на заљубеност кај една жена

Ако се пронајдете во долунаведените знаци, тогаш знајте дека сте заљубени до уши.

1. Сјај во очите

На работа, во семејството, во банка, се поголем број луѓе ви велат дека имате посебен сјај во очите. На прашањето дали сте заљубени, вие одговарате негативно бидејќи сè уште не сте сигурни за што всушност се работи. Едно е сигурно, ширите енергија која се рефлектира во вашите очи.

2. Насмевка на лицето

И самите гледате, се смеете и кога треба и кога не треба. Ситните работи кои претходно ве нервирале, сега не ни ги забележувате. Цел ден имате насмевка на лицето. Штом само ќе помислите на другата личност, вашата насмевка станува заразна за околината.

3. Губење на апетитот

Храната не ви е во фокусот некое време. Јадете бидејќи луѓето околу вас ви велат дека треба да јадете или пак гладот ве тера да ставете нешто во уста. Едноставно, не ви се јаде ништо. Кога ќе осетите дека сте гладни, оброкот го менувате со чоколадо или кафе. Признајте, губењето на апетитот ви се случило и вам.

4. Деконцентрација

Вашите мисли имаат само еден пат – ТОЈ. Кога некој од семејството ќе ви се обрати, вие помислувате каква врска има тоа со него. На работа, вашиот шеф ви ги кажува работните задачи, а вие мислите кога повторно ќе го видите. Дефинитивно сте деконцентрирани постојано и насекаде.

5. Заборавеност

Иако вашиот нотес е уредно потполнет со активности и задачи, забележувате дека голем број активности не сте завршиле. Не сте мрзеливи, туку заборавеноста ве зеде под свое. Причината е очигледна – ТОЈ.

6. Магијата на љубовта

Почнувате да ги чувствувате мирисните ноти и ароми кои претходно не сте ги ни забележувале. Сите сетила ви се поизразени. Неговиот мирис го препознавате во пекарата, во продавницата, во козметичкиот салон. Сè мириса на него.

7. Несоница

Никогаш досега не сте имале проблеми со сонот. Несоницата ве прогонува, и вие мислите дека тоа е без никаква причина. Но, кога ќе се разбудите и ќе одите да наполните чаша вода, вашите мисли веднаш одлетуваат кон него. Признајте, тој е причината што се разбудивте, а вие ни самите не сте свесни.

8. Зборувате сами со себе

Досега пред огледало сте молчеле и сте го правеле само она што треба. Но од пред извесно време сте забележале дека зборувате сами со себе. И што е најлошо, како да му зборувате нему.

Ако се пронајдовте во овие знаци, значи дека сте заљубени до уши. Признајте си го тоа на себе и тргнете во акција. Мудро развијте стратегија како да го освоите. Употребете го својот шарм, женските атрибути и поставете се како сè да се врти околу вас.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар