3 начини на кои телесната тежина влијае на плодноста кај жените и мажите
Телесната тежина и мастите во телото играат своја улога во репродуктивниот систем на човекот. Според д-р Бернард Розенфелд, гинеколог, луѓето кои имаат тешкотии со зачнувањето честопати се изненадени од фактот што нивниот нездрав начин на живот им ги намалува шансите да добијат дете. Затоа тој препорачува да се обрне внимание на овие три факти.
1. Прекумерната тежина ја намалува можноста за зачнување
Жените со прекумерна тежина се соочуваат со многу повеќе предизвици при ин витро зачнувањето во споредба со оние со нормална тежина. Тие поразлично реагираат на лековите кои ги примаат во тој процес и имаат помали шанси за конечен успех. Оптимизам во целата работа влева фактот што, според некои студии, дури 70% од жените кои се неплодни успеваат да зачнат по природен пат откако ќе ја доведат својата телесна тежина во нормала.
2. И оние со премала телесна тежина имаат проблеми
Преслабите жени може да имаат хормонална неурамнотеженост која ги слабее нивните шанси за зачнување. Недостатокот на масти во организмот е важен елемент во сексуалниот развој и плодноста затоа што тие играат улога при излачувањето на естрадиолот, хормон којшто го регулира репродуктивниот систем. Преслабите жени овој хормон го претвораат во антиестрогенски соединенија кои со текот на времето им оневозможуваат да зачне. И кај овие жени нормализирањето на телесната тежина може да значи враќање на плодноста.
3. Ниту мажите не се поштедени
Неплодноста не е само женски проблем. Една третина од проблемите со зачнувањето кои се појавуваат се резултат на машката неплодност, а помал дел од нив се поврзани со прекумерната тежина кај мажите. Таа придонесува за намален квалитет на нивната сперма, резултирајќи така што на двојките од маж со прекумерна телесна тежина и жена со нормална телесна тежина да им треба значително повеќе време да зачнат во споредба со двојките каде што и двата партнери имаат здрава тежина. И овде, нејзиното регулирање дава добри резултати во остварувањето на крајната цел.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.