Болката во вратот долгорочно се решава со физичка активност, но постојат и начини за брзо решавање на проблемот.rnrn
rn
1. Со жешка вода
rnСтавете кеса со жешка вода на местото каде што ве боли вратот. Тоа ќе ја поттикне циркулацијата на крв и ќе ја намали болката.rn
2. Масажа
rnМасажата на трапезот може брзо да делува. Тоа е пределот од задниот дел на главата до рамената и горниот дел на грбот. Масажата нека биде полесна, за да може подобро да се опуштат мускулите.rn
3. Вежби за вратот
rnВежбите за вратот не можат да ја надоместат редовната физичка активност, но лесното ротирање во правец на стрелките на часовникот и обратно може да даде краткорочно подобрување.rn
4. Истегнување на рамената
rnНаправете ги наједноставните вежби за истегнување на рамената. Вкрстете ги двете дланки и со исправени раце движете ги нагоре, над главата. Или ротирајте ги рамената напред и назад. Проверете што подобро делува на вас.rnrn
rn
5. Ослободете се од стресот
rnПричините за болката можеби немаат физичка природа. Направете што било што ве ослободува од стресот. Доколку вежбите за истегнување ви помагаат да го елиминирате, само напред!rn
6. Избегнувајте активности што одмагаат
rnСедење на компјутер, возење, кревање тежок товар, се само дел од активностите кои можат да го здрват вратот. Избегнувајте ги ако тоа е случајот кај вас.rn
7. Храна која „ослободува од болките“
rnНе постои храна чие консумирање лечи, но има таква која што може, заедно со други фактори, некако да помогне. Во случајот со болката во вратот таа моќ ја имаат продуктите кои содржат високо ниво на флавоноиди. Такви се темното чоколадо, шумските плодови, калинката, семките од тиква, ѓумбирот итн.rn
8. Одморете се
rnОбидете се да се одморите. Наспијте се на перница која ви одговара за да спречите уште поголема болка.rnrnНа крај, доколку ништо од ова не ви помага, тоа е знак дека е време да се јавите на лекар.