Да, знаеме. Жената е мистерија. Никогаш не знаете што мисли, што сака (бидејќи и самата не знае) и најважно од сè – како да ја задоволите. Вечна дилема за мажите е откривањето дали партнерката е вистински сексуално задоволена или само не сака да го навреди. Затоа, да ви помогнеме. Еве што сè жените посакуваат мажите да знаат за сексот.rnrn
rn
Сексот не завршува кога мажот ќе заврши
rnПостои голема шанса вашата партнерка да сака да продолжите за играта да биде фер.rn
Вашата девојка нема да ги сака истите работи што вашата бивша ги сакала во кревет
rnБидејќи сите девојки се различни, едноставно прашајте ја што ѝ се допаѓа, а што не.rn
Кога не можете да го најдете клиторисот употребете зборови
rnПрашајте ја вашата партнерка дали ѝ се допаѓа она што го правите.rn
Бидете внимателни, жените се премногу чувствителни
rnТоа премногу добро може да стане болно, па бидете нежни.rn
Обрнете повеќе внимание на предиграта
rnНавистина, не посветувајте ѝ само неколку секунди, предиграта е важна за жените. Направете вашата партнерка да биде таа која ќе ви рече да прекинете со предиграта.rnrn
rn
Не очекувајте вашата девојка да биде како порно ѕвездите
rnНиту на изглед ниту во кревет. Тоа што нема да вреска како заклана не значи дека не сте добар во кревет.rn
На жената ѝ е потребно повеќе време за да доживее оргазам
rnМногу повеќе за разлика од мажот.rn
„Работата“ со прсти веројатно нема да ја доведе вашата партнерка до оргазам
rnКакви и да се вашите очекувања, тоа е вистината.rn
Жените не сакаат секс за време на менструација
rnОд голем број причини. Да почнеме со непријатноста и стравот од инфекција. Едноставно воздржете се неколку дена.rn
Жените не се толку физички слаби
rnЖените поднесуваат големи болки секој месец, а да не зборуваме за породувањето. Затоа, не плашете се одвреме-навреме да бидете малку груби, вашата партнерка нема да се скрши на парчиња. Секако, повторно бидете внимателни и не заборавајте дека рековме МАЛКУ груби.rn
Не плашете се на вашата партнерка да ѝ „сервирате“ нови и жешки предлози
rnКонзервативното верување дека жените се воздржани кога станува збор за сексот, е само стереотип од 19-ти век. Жените сакаат да уживаат во сексот исто колку и мажите и сакаат да пробуваат нови работи. Така што, не плашете се, кажете ѝ ги вашите најскриени фантазии на вашата партнерка.rnrn