КАФЕ ПАУЗА

7 начини да спречите срцеви заболувања во вашите 20-ти

7 начини да спречите срцеви заболувања во вашите 20-ти

Срцевите заболувања спаѓаат меѓу најголемите проблеми на денешницата. Тогаш, зошто никој не зборува како да преземеме мерки за да се заштитиме уште од рана возраст?rnrnЕве како можеме да ја спречиме појавата на срцеви заболувања во време кога на мета се и младите.rnrn7 начини да спречите срцеви заболувања во вашите 20-тиrn

1. Не пушете

rnДури ни само одвреме-навреме. Тоа не ви е никакво оправдување. Од мали нè учеле колку е штетно пушењето. Не сакате стент на срцето во вашите 30-ти (ако не и порано).rn

2. Внимавајте на вашата тежина

rnНе за да изгледате добро и да привлекувате погледи кон себе, туку заради вашето здравје. Вежбајте редовно, бидете активни, внимавајте на исхраната. Доколку имате поголеми проблеми со вашата тежина, консултирајте се со доктор кој ќе ви подготви здрава диета соодветна за вашата крвна група. Зголемената тежина со себе повлекува и висок холестерол, гликоза во крвта и висок крвен притисок.rn

3. Јадете здрава храна

rnВо ред, знаеме колку е тешко да им се одолее на сите забранети задоволства, но гледајте макар еднаш или два пати дневно во вашата исхрана да внесувате свежо овошје и зеленчук. Задолжително изедете едно јаболко, а кога вечерате во ресторан нема да ви штети да порачате зелена салата покрај другото. Всушност, правилната исхрана може да биде и забавна.rnrn7 начини да спречите срцеви заболувања во вашите 20-тиrn

4. Слободно испотете се

rnЗа да ви биде забавно одберете физичка активност во која уживате, и така нема да го чувствувате вежбањето како обврска. На пример, пуштете ја омилената музика и играјте половина час како никој да не ве гледа. Поканете ги другарите и организирајте турнир во фудбал. Физичката активност со себе повлекува и здрав, исполнет живот и чувство на задоволство.rn

5. Внимавајте на производството

rnОдбегнувајте конзервирани и увезени производи. Сè што изгледа добро но и сомнително. Почнете со мали чекори. На пример, наместо лименка газиран сок земете природен сок од портокал. Наместо да купите голем хамбургер направете домашна пица.rn

6. Задолжително користете ги слободните денови

rnБез да се затворите дома и да гледате телевизија цел ден. Ако сте слободни од работа организирајте излет во природа, на пример. Најдете начин да се релаксирате, опуштите и вистински да се одморите. Најголемиот одмор ќе го почувствувате кога ќе ја смените средината во која постојано живеете.rn

7. За крај, бидете свесни за синдромите

rnНастрана од добро познатата болка во пределот под рамото на левата рака, обрнете особено внимание на повремени несвестици или болка во рамото и вилицата. При секоја нагла промена во вашиот изглед или општа благосостојба, консултирајте се со стручно лице.