КАФЕ ПАУЗА

Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

Брони Вер со години работела како негувателка, па одлучила она што го купила како животно искуство да го преточи во текст. Откако текстот се покажал како ултрапопуларен, напишала книга базирана на нејзината приказна и искуство.rnrnБрони вели дека со години работела на палијативна нега и дека луѓето многу созреваат и стануваат многу посвесни кога ќе се соочат со сопствената смртност. На смртна постела секој од пациентите се соочувал со разни емоции и пројавувал различни реакции како на пример нешто очекувано, одрекување, страв, гнев или каење, но секој од нив на крајот покажал прифаќање.rnrnСепак, на прашањето за што најмногу се каат, некои теми биле позастапени од другите. Еве што забележала Брони, ова се 5-те најчести нешта за кои луѓето жалат на својата смртна постела.rnrnНегувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постелаrn

1. Посакувам да имав храброст да го живеам животот онака јас како што сакав, а не како што другите очекуваа од мене

rnОва е најчестиот одговор на прашањето за што жалите најмногу во животот? Кога луѓето се на смртна постела лесно е да погледнат назад во нивниот живот и да помислат на сите соништа кои не им се оствариле. Многумина не оствариле ни половина од големите цели и соништа па им било тешко да се соочат со фактот дека не направиле нешто што требало да го сторат.rnrnПред да биде премногу доцна, осврнете се кон своите соништа. Стремете се кон нивно остварување. Пробајте и трудете се колку и да ви изгледа безнадежно. Живејте онака како што сакате и правете ги работите кои ги сакате, за ваше задоволство, не за нечие друго.rn

2. Посакувам да не работев толку напорно

rnОвој одговор дошол од речиси секој машки пациент. Се каеле што го пропуштиле детството на своите деца и како тие растеле, за тоа што не ја вреднувале доволно љубовта на партнерката и не уживале повеќе во нејзиното друштво. И жените исто го искажале ова каење, но бидејќи биле од постарите генерации не биле оние кои го носат лебот дома, односно немале кариери.rnrnКако млади личности сите сонуваме за светли кариери и големи пари кои ќе ни овозможат и нам а и на нашите семејства удобен живот. Но, доколку не успееме да најдеме некаков баланс и доколку заборавиме дека семејството е на прво место, ќе имаме голема тежина тогаш кога веќе нема да можеме да промениме ништо.rn

3. Посакувам да имав храброст да ги искажам своите чувства

rnКриејќи ги своите чувства, страсти и емоции, многумина не станале она што сакале да бидат, па морале да се соочат со огорченоста и незадоволството кои доаѓале како резултат од тоа.rnrnНе можеме да ги контролираме туѓите реакции, не можеме да знаеме како некој ќе реагира на нашата искреност. Но, наше е да го кажеме она што го мислиме. Не дозволувајте да ве обземе огорченоста на некажаните зборови. Секој ден ги гледате вашите блиски, луѓето кои ги сакате и почитувате. Кажете им го тоа.rn

4. Посакувам да имав поцврсти пријателства

rnМногумина од пациентите признале дека биле толку обземени и преокупирани со себе, своите животи и својата кариера, што дозволиле многу пријателства да им се излизгаат низ прсти.rnrnНормално е да имате сè помалку време за себе и пријателите со ова брзо темпо на живот. Но, направете време за оние кои ви значат. Пријателството е неопходна потреба на секој човек. На крај, сè се сведува на љубовта и нашите врски со луѓето.rn

5. Посакувам да си дозволев себеси да бидам среќен/на

rnНа големо изненадување, прилично висок е бројот на луѓе кои се каеле што не си дозволиле да бидат вистински среќни. Предоцна сфатиле дека среќата е избор, начин на живот. Сите биле заглавени во нивните навики без желба да променат нешто, без да знаат дека среќата доаѓа кога ќе излезеш од безбедната зона.rnrnСмејте се гласно, бидете глупави понекогаш, не сфаќајте го животот премногу сериозно и едноставно забавувајте се.rnrnЗа крај, не заборавајте. Животот е избор. Животот е ваш избор. Одбирајте внимателно и мудро.