Љубов, тага и уметност: цитати на Фрида Кало

Љубов, тага и уметност: Цитати на Фрида Кало

Фрида Кало е уметник од Мексико од почетокот на дваесеттиот век. Како и секој во нејзината професија, и таа има кажано нешта кои можат да се издвојат како интересни цитати.

Љубов, тага и уметност: цитати на Фрида Кало

„Би сакала да ти дадам сè што никогаш си немал, но дури ни тогаш не би знаел колку е убаво што те сакам.“

„Никогаш, во сиот мој живот, нема да го заборавам твоето присуство. Ме прибра кога бев уморна и ме врати комплетна, цела.“

„Стапала, што ќе ми сте кога имам крила да летам?“

„Најди љубовник кој ќе те гледа како да си магија.“

„Запомни дека секое тик-так е момент од животот кој заминува и не се повторува. Во него има толку многу интензитет, толку многу интерес, што останува само проблемот како да го изживееш. Секој треба да си го реши проблемот најдобро што може.“

„Порано пиев затоа што сакав да ја удавам мојата тага. Но сега проклетата научи како да плива.“

„На крајот на денот, издржуваме многу повеќе отколку што сме замислувале дека можеме.“

„Те сакам повеќе од сопствената кожа и иако не ме сакаш исто толку, сепак ме сакаш, нели? Дури и да не ме сакаш, јас секогаш ќе се надевам дека ме сакаш, и тоа ми е доволно. Сакај ме барем малку. Те обожавам.“

Љубов, тага и уметност: цитати на Фрида Кало

„Не гради ѕид околу сопственото страдање, затоа што ќе те изеде однатре.“

„Мислеа дека сум надреалист, но не бев. Јас никогаш не си ги насликував соништата. Ја сликав мојата реалност.“

„Се сликам себеси затоа што јас сум субјектот кој најдобро го познавам.“

„Ништо не е повредно од насмевката. Сила е да се насмееш и да се предадеш, да бидеш несериозен. Трагедијата е најглупавото нешто.“

„Чувствувам дека сме заедно уште од нашето раѓање, дека сме створени од истата материја, од истите бранови, дека го делиме истиот пат.“

„Порано сметав дека јас сум најчудната личност на светот, но тогаш се сетив дека постојат толку многу луѓе на светот, па мора да има некоја како мене која се чувствува чудно и несовршено на истиот начин како мене. Ја замислував и мислам дека и таа мора да е таму некаде и да мисли на мене. Е па, се надевам дека си таму некаде надвор и дека го читаш ова и знај дека, да, јас навистина сум тука и сум чудна исто колку тебе.“

„Болката не е само дел од животот, таа може да стане самиот живот.“

„Ти го оставам мојот портрет за да го имаш моето присуство во дните и ноќите кога ќе бидам далеку од тебе.“

„Најинтересната работа во врска со т.н. лаги за Диего беше тоа што, порано или подоцна, оние што се во замислената бајка стануваат гневни, но не заради лагите, туку заради вистината во нив која секогаш излегува посилна.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар