Бидете креативни со облеката што ја имате наместо да купувате нова
Сите сме свесни дека жените трошат најмногу пари на облека. Веројатно и вие имате премногу облека во плакарот и не знаете што да ѝ правите. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат максимално да ја искористите облеката што ја поседувате, што дефинитивно ќе му помогне и на вашиот паричник.
1. Мешајте ја облеката за различни пригоди
Хеланките кои ги носите за вежбање можете да ги искористите и за прошетка со пријателките. Додадете рамни чевли и блуза со динамичен принт како риги и спремни сте. Друга интересна комбинација може да биде посвечено здолниште со чизми во панк стил (мартинки).
2. Микс од принтови
Време е малку повеќе да ризикувате. Одберете 2 храбри принта: еден со покрупни елементи и друг со поситни. Единствено правило овде е двата принта да бидат во истата група бои.
3. Монохроматски бум
Кога зборуваме за истата група бои тогаш добро е да се споменат монохроматските комбинации. Играјте си со нијансите. И за крај, развеселете ја монотонијата со чанта која целосно ќе го привлече вниманието.
4. Светки за подобро расположение
На обичната комбинација додадете ѝ светки и веднаш ќе ја разубавите.
5. Аксесоарот во центарот на внимание
Дури и обичниот ѓердан може да ја скрши монотонијата на секојдневниот изглед.
6. Нов изглед на старите парчиња
Фармерките секогаш ги носите спуштени до крај? Пробајте да ги свиткате крајчињата. Веднаш изгледа подобро.
7. Игра на текстури и шари
Играњето со текстурите и шарите може да биде интересно и да претставува предизвик. Комбинацијата од дебела плетка со скај и тантела изгледа навистина храбро.
8. Винтиџ
Некогаш старите парчиња имаат потреба од обнова. Дајте им нов живот на брошовите и накитот кој не го користите.
9. Променете ја должината
Ако не сте задоволни од изгледот на здолништето или фустанот, тогаш веднаш одете кај кројач кој ќе го направи парчето по ваш вкус. Оваа мала промена ќе ви донесе големо задоволство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.