Неколку чудни работи кои мажите ги привлекуваат кај жените

Сподели

Автор: Марија Митева

Реклама

Ова се осум работи кои доаѓаат сосем природно и спонтано, за кои жените ги доживуваат како секојдневие и нешто на кое никогаш не би му дале посебно значење. Но, дами верувајте, вашите мажи како да имаат детектор за вашите ситни несовршености и кај себе ги примаат како едни од најубавите елементи кои ги поседувате. Тој сака:

rn

Кога ќе ве види несредена

rnСите се восхитуваат на прекрасниот изглед на жените. Совршена шминка и фризура, со убаво и модерно парче гардероба, но вашите момчиња сакаат да ве видат со нивната природна убавина. Тие би требало да ве видат обична и природна, тоа е начинот преку кој момците подобро ја запознаваат својата девојка.

rn

Кога сте исплашени

rnДруга работа која мажите ги привлекува кај една жена е стравот. Всушност мажот сака да се постави заштитнички кон една жена, а тоа му дава шанса да ја утеши ѝ да и покаже дека тој за неа е принцот на бел коњ.

rn

Стрии

rnДоколку имате деца, воопшто немојте да се грижите за вашите стрии. Повеќето жени се несреќни затоа што ги имаат, но верувајте, вашиот маж нема проблем со нив. Тие се јавуваат како последица од бременоста и се сосем природни.

rn

Очила

rnМажите сакаат жени со очила и тоа е вистина. Па доколку се двоумите да ставите леќи немојте залудно да ги фрлате парите, на вашиот партнер и со очила сте му секси и неодолива. Се надевам ова е одлична вест за сите девојки кои носат очила.

rn

Начинот на кој нанесувате шминка

rnДали знаевте дека вашето момче сака да ве гледа додека се шминкате? Го восхитува начинот на кој прецизно го правите тоа. Момците исто така ги восхитува различниот стил на шминкање кај различни девојки. Затоа, дами, не срамете се да ја поправите шминката пред него.

rn

Мокра коса

rnЕдна од најинтересните работи е тоа што вашето момче навистина сака да ве гледа со мокра коса. Тие велат дека влажната коса изгледа добро, особено ако е долга па дури и кога е замотана во пешкир, тоа го сметаат за исклучително секси. Иако е чудно, можеби и вашиот партнер го сака тоа.

rn

Кога вежбате

rnМажите сакаат кога вежбате, едноставно им се допаѓа како изгледате кога сте по малку изморени и испотени од вежбањето. Можеби вие ова не го сметате за атрактивно, но верувајте мажите не би го пропуштиле ваквиот изглед.

rn

Да ве види во неговата кошула

rnКога вие сте облечени прилично лежерно и на вас ја носите неговата омилена кошула. Тоа за нив е најдоброто дизајнерско дело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира