Темни усни: Тренд кој не смеете да го пропуштите
Со пократките денови и поладните ноќи, есента станува помрачна. Некогаш поради облеката, некогаш поради бојата на косата, а пак некогаш поради режимот за разубавување. Од потемнување на косата до „зачадени“ очи, мрачниот изглед оваа сезона е многу модерен, затоа осудете се да ризикувате и имајте темни усни. Рубиново црвена, слива или виолетова, без разлика која нијанса, овој изглед е драматичен и еклектичен, така што ќе привлечете бројни погледи.
1. Спремни и полни усни
Прв чекор е подготвување на кожата. А, кај усните тоа значи добра хидратација. Ако имате испукани усни прво исчеткајте ги со чиста четка за заби. Вака, ќе го отстраните вишокот кожа. Потоа хидрирајте ги за да бидат мазни.
2. Пронајдете ја соодветната нијанса
Не секој кармин ви одговара, затоа е важно да препознаете кои се оние што најдобро ви прилегаат, а еве како ќе знаете:
Светли: За оние девојки кои имаат светла кожа како Гвен Стефани или Кристен Стјуарт најдобри се светлите нијанси. Но, ако веќе сакате темни нијанси, тогаш држете се настрана од портокаловите нијанси и насочете се кон богатите темноцрвени.
Средни: Средниот тен е најлесен, бидејќи има и светли и темни пигменти, а многу од комбинациите на бои беспрекорно одговараат. Кармините со сини пигменти се одличен избор бидејќи го осветлуваат тенот и создаваат илузија на побели заби. Добра идеја се и класично црвените нијанси или една-две нијанси потемни.
Маслинести или темни: Оние со темна или маслинеста кожа вообичаено имаат златни пигменти на кои најдобро одговараат подлабока темноцрвена и виолетова боја. Друга перфектна идеја се сливовите нијанси со малку сјај.
3. Внимателно нанесете
Кај кармините клучен е начинот на нанесување. Внимавајте на линиите од усните, но и на интензитетот на бојата. За да ги погодите линиите нанесете молив за уста во нијансата на вашите усни. Исто така, може да употребите чепкалка за уши потопена во вазелин за да ги отстраните вишоците кармин на краевите. За да не нанесете кармин на забите, формирајте „О“ со устата при нанесувањето и поминете со прстите по усните за да ја отстраните шминката на внатрешните страни од усните.
Бонус совети за трендот на темните усни
1. Не знаете каков тен имате? Видете ги вените на внатрешната страна од зглобот. Ако ви изгледаат сини тогаш имате светол тен, ако се зеленикави, имате темен тен, а ако се мешавина од зелени и сини тогаш имате среден (неутрален) тен.
2. За го изедначите тенот на усните со кожата користете моливче за усни кое одговара на потемната нијанса. Пред употребување на моливчето користете пудра како основа за да го фиксирате.
3. Ако сакате карминот да ви изгледа проѕирно тогаш натапкајте го на прстите и потоа нанесете го.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.