25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.

25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

1. Јадење во кревет

Освен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.

2. Јадење брза храна

Да, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.

3. Губење време со лоши партнери

И самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.

4. Неконтролирано трошење на парите

Еден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.

5. Гледање серии по цела вечер

Иако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.

6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови

Не, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.

7. Споредување на себеси со други

Како вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.

8. Потфрлање со личната хигиена

Не сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.

9. Постојан мамурлак

Во ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.

10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи

Да, корисно е да се вежба комуникација во живо.

11. Спиење до пладне

Некогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.

12. Озборување

Не, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.

13. Губење на професионалноста на работното место

Млади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.

25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

14. Неодржување хигиена во домот

Иако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.

15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи

Како што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.

16. Неконтролирање на сопствените емоции

Ако размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.

17. Неодговорно однесување

Ако сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.

18. Позајмување и не враќање на позајменото

Ваквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.

25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

19. Постојано доцнење за да фатите автобус

И не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.

20. Наивно размислување

Не, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.

21. ФБ прогонување на старите љубови

Едноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.

22. Непланско пазарење

Знаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.

33. Дозволување гордоста да надвладее со нас

Во ред е да побарате помош и да признаете слабост.

25. Неследење на временската прогноза

Можеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.

25. Заборавање да се каже „благодарам“

Ова за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар