Тест: Колку ви е стар мозокот?

Тест: Колку ви е стар мозокот?

Сите знаеме дека со годините нашето тело се менува и старее, но што се случува со нашиот мозок? Што се случува во нашите глави, што со текот на годините почнуваме да забораваме и ни станува потешко да сфатиме некои работи.

test-kolku-vi-star-mozokot-kafepauza.mk

Здравствената организација на Англија составила квиз од 25 прашања, кои точно утврдуваат колку е стар вашиот мозок и што можете да направите за да го одржите во форма. Доколку сакате да дознаете, решете го тестот од д-р Винсет Фортнас, одговарајќи со „да“ или „не“.

1. Спиете повеќе од 8 часа секоја ноќ.

2. Јадете барем 5 овошја и зеленчуци на ден.

3. Јадете барем по една порција малини, боровинки или капини на ден.

4. Барем трипати неделно јадете печена риба.

5. Конзумирате рибино масло барем 5 пати неделно (со оброк).

6. Секојдневно конзумирате мултивитамини.

7. Лекови конзумирате ретко (помалку од еден на ден).

8. Пиете црно вино или сок од грозје секој ден.

9. Тренирате барем по 30 минути секој ден.

10. Читате сериозна литература или решавате крстозбори 5 пати неделно.

11. Имате добри гени во фамилијата, никој од блиските не го губел помнењето.

12. Имате низок холестерол.

13. Лошиот холестерол ви е под 3,3 ммол/л.

14. Не сте дебели.

15. Јадете медитеранска храна одвреме-навреме.

16. Наместо маргарин и путер користите маслиново масло.

17. Никогаш не сте пушеле цигари.

18. Имате нормален крвен притисок.

19. Немате дијабетес.

20. Немате проблем со спиењето.

21. Немате проблем со метаболизмот.

22. Не сте изложени на секојдневен стрес.

23. Уживате во друштво на пријателите.

24. Немате проблем со краткотрајното и долготрајното помнење.

25. Подготвени сте по секоја цена да се борите против Алцхајмеровата болест.

Решение:

Ако сте одговориле со „да“ на 23-25 прашања, одземете 15 години од вашата возраст и тоа е староста на вашиот мозок. Ризикот од Алцхајмерова болест е минимален и би требало да остарете по план.

Ако сте одговориле со „да“ на 20-22 прашања, тоа не е лошо. Одземете 10 години од вашите вистински години и гледајте да се подобрите за работите за кои сте одговориле со „не“.

Ако сте одговориле со „да“ на 15-19 прашања, вашиот мозок е стар колку и вие. Изложени сте на опасност од Алцхајмерова болест и заради тоа обидете се да ги поправите вашите секојдневни навики.

Ако сте одговориле со „да“ на 12-14 прашања, вашиот мозок можеби е постар за 5 години од вас и во опасност сте од добивање Алцхајмерова болест. Под итно подобрете си ги секојдневните навики.

Ако сте одговориле со „да“ на 0-11 прашања, вашиот мозок е 10 години постар од вас. Мора да се обратите кај вашиот доктор и да закажете преглед, а потоа да направите сè што треба за да ги промените секојдневните навики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар