Роденденски подарок за вашиот партнер Скорпија

Роденденски подарок за вашиот партнер Скорпија

Кога одбирате подарок за маж во знакот Скорпија, секогаш имајте го предвид неговиот карактер. Скорпиите обожаваат мистериозни работи и решавање загатки. По природа се заводливи, што значи дека ќе уживаат во сѐ што е секси. Сакаат темни, богати бои како темно костенлива, темноцрвена и црна. Обидете се да внесете интрига во подарокот имајќи во предвид дека скорпиите се и самите таинствени и примамливи како личности. Ако и покрај овие совети не можете да се сетите што да му подарите на вашиот партнер, ви даваме неколку предлози кои ќе ги обожава.

0-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-skorpija-kafepauza.mk

Нешто многу лично

Штом сте во љубовна врска со маж Скорпија, сигурно досега имате почувствувано дека за него љубовта е „сѐ или ништо“ искуство. За нив не постојат половични постапки. Затоа потрудете се и вие да му покажете колку ви значи со видеокомпилација од вашите заеднички слики, пропратени со заедничката песна во позадина. Потсетете го на најубавите моменти кои сте ги поминале заедно и подарете му нешто чие значење ќе го разберете само вие двајцата.

1-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-skorpija-kafepauza.mk

Задоволете ја неговата љубов за мистерија

Скорпиите обожаваат да бидат мистериозни, на пример темни очила за сонце, голема капа или голем, мек шал ќе ја задоволат неговата желба да биде таинствен. Кога сте веќе тука, зошто не вметнете и добар црн капут во комбинацијата? Ако сепак не сте во врска долго време и не сакате да претерувате со големи подароци, може да му земете криминалистички роман или цела серија такви книги, како делата на сер Артур Конан Дојл (ако е љубител на класици) или Роберт Ладлум (за оние со помодерен вкус). Уште еден добар избор е колекција ДВД-а од некоја крими-серија како CSI.

2-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-skorpija-kafepauza.mk

Забава и игри

Уште еден начин на кој може да ја задоволите неговата љубов спрема мистериозното е да организирате лов на богатство кој ќе претставува вистински предизвик за него. Насекаде низ домот поставете мали подароци како траги кои ќе го водат до конечното богатство – главниот подарок. Но ако не сте во можност да го организирате ова, може да му подарите некоја игра како „Монопол“ или шах, дури и видео-игра каде треба да разреши некоја мистерија е одличен избор.

3-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-skorpija-kafepauza.mk

Љубовни помагала

Мажите во овој хороскопски знак се страсни љубовници. За нив сексот претставува многу значаен дел од врската и начин на искажување на блискост. Затоа одберете нешто што ќе му одговара на неговото силно либидо. Книга за афродизијаци е супер идеја, но ако сакате нешто поинтимно, може да му купите црни сатенски чаршави за кревет. Ако го познавате многу добро, може да се одлучите и за некоја секс-играчка која ќе ги исполни неговите најинтимни фантазии. Скорпиите обожаваат да се чувствуваат посакувани од своите партнерки.

4-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-skorpija-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар