Не е лесно да барате работа ако немате никакво работно искуство. Потенцијалните работодавачи најчесто бараат кандидатите да се пријавуваат само ако веќе поминале години работејќи на позицијата која треба да ја пополнат. А кога конечно ќе најдете некој оглас за работа во кој работното искуство не е задолжително, тогаш мора добро да се погрижите изгледот на вашата апликација да го привлече инаку малото внимание на менаџерот за човечки ресурси. Затоа прочитајте ги овие неколку совети од еден таков менаџер, Ерик Епископо, за следниот пат да имате повеќе среќа.rnrn
rn
Истакнете ја вашата цел во тој момент од кариерата
rnЕпископо советува да истакнете каква цел имате во кариерата во моментот во кој аплицирате за работата. Таму треба да ги вметнете оние ваши квалитети кои му се потребни на потенцијалниот работодавач. Тој дава и пример за тоа што би можел да напише еден штотуку дипломиран студент:rnrn[message_box title=”” color=”red”]rn„Штотуку дипломиран по (студии) со просек (ХХ) кој сака да го надгради своето искуство во студентските организации со цел да ги стекне потребните квалификации, вештини и знаења за да стане (посакувана идна повисока позиција кај работодавачот). Работник кој работи со голем ентузијазам кон остварување на целите на компанијата и сака да преземе поголема одговорност.“[/message_box]rn
Напишете повеќе за вашето образование
rnОние што имаат работно искуство акцентот го ставаат на претходните работни места и задачи кои ги извршувале, па затоа вметнуваат само површни информации за образовната институција каде што дипломирале. Ако вие немате ниту ден работно искуство, тогаш пробајте да надоместите така што ќе го проширите делот кај вашето образование. На тој начин ќе ги истакнете вашите квалитети и покрај тоа што не сте имале можност да ги докажете низ работно искуство.rnrnНе пропуштајте да истакнете каква било активност во студентски организации, волонтирање од која било област во каква било организација, конференции, семинари или обуки, учество во клубови од типот на дебатен клуб, клуб на оратори, на иноватори, дополнителни курсеви итн. Ако не сте биле активни на ваков начин, тогаш пишувајте повеќе за тоа какви знаења сте стекнале од наставната програма. Истакнете го фактот дека на факултет сте изучувале некој предмет кој ви дал продлабочени знаења кои се важни за извршување на работните задачи кои евентуално би ги работеле.rn
Додадете дел со битни достигнувања
rnАко сте биле активни за време на вашето образование, тогаш сигурно имате да додадете нешто и како битно достигнување од вашите активности. На пример, успешно организирање настани со мал буџет, успешно собирање средства за кампања против домашното насилство, објавување на ваш научен текст во некоја публикација, итн. Иако немате работно искуство, ваквите ставки во CV-то му овозможуваат на оној кој го чита да сфати дека вие имате квалитети кои можете да ги покажете ако ви се даде шанса.