5-те најважни принципи на хороскопските знаци
Сите ние во животот имаме некои зацртани цели, ставови и принципи. Но, колку и тие да се разликуваат од човек до човек, има некои сличности кои ги поврзуваат хороскопските знаци. Погледнете кои се 5-те принципи по кои тие се водат во животот.
Овен
1. Со мене не се исплати да се караш.
2. Подобро е нешто да направиш, одошто подоцна да жалиш што не си го направил.
3. Човекот секогаш останува млад ако има младешки дух.
4. Тврдоглавоста не е порок.
5. Јас не напаѓам, јас се бранам.
Бик
1. Не сакам ништо што е туѓо и не сакам никој да го допира она што е мое.
2. Кој не сака храна, не сака ни луѓе.
3. Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.
4. Со будала не се исплати да се караш.
5. Довербата е тешко да се заработи, а лесно да се изгуби.
Близнаци
1. Кој знае што носи утре.
2. Два мозоци се секогаш попаметни од еден.
3. Љубовта проаѓа, пријателите остануваат.
4. Луѓето само се тешат со тоа дека квалитетот е поважен од квантитетот.
5. Здодевноста е игралиште на ѓаволот.
Рак
1. Моја куќа – моја слобода.
2. Кој чека ќе дочека.
3. Полесно е да најдеш грешка, отколку да ја исправиш.
4. Паметните луѓе луѓето често ги нарекувале лудаци.
5. Оние кои никогаш не го менуваат мислењето, повеќе се сакаат себеси одошто вистината.
Лав
1. Подобро е да дојдеш до врвот на успехот одошто да доживееш неуспех.
2. Убавото однесување е половина од успехот.
3. Ако нешто правиш, направи го како што треба.
4. Љубовта која не се покажува доволно – не е тоа.
5. На лагата ѝ се кратки нозете.
Девица
1. Трпението и упорноста се клучот на успехот.
2. Лагата не е зло, ако им прави добро на другите.
3. Човекот се запознаваа во три случаи: по јадењето, по богатството и пијанството.
4. Трошењето време на нешто што не се исплати е најголема глупост.
5. На мозокот треба секогаш, а на срцето многу ретко да му верувате.
Вага
1. Среќата е поголема кога се дели.
2. Дипломатијата е пат до вистинската победа.
3. Држењето до принципите е често глупаво.
4. Држи ги пријателите близу, а непријателите поблизу.
5. Љубовта треба и да се докажува.
Скорпија
1. Ако не те води страста во животот, нешто правиш погрешно.
2. Волкот ги менува влакната, но никогаш карактерот.
3. Сè што вреди треба и да се заслужи.
4. Не го познаваш човека додека со него не изедеш кило сол.
5. Што не те убива те прави посилен.
Стрелец
1. Подобро е да плачеш со мудар, одошто да пееш со будала.
2. Колку пријатели имаш, толку вредиш.
3. Не учи се на туѓите туку на сопствените грешки.
4. Зборовите не се ништо без делата.
5. Ништо не е тешко ако се сака.
Јарец
1. Слабиот е оној кој не верува, или ја изгубил вербата во себе.
2. Времето е пари.
3. Лесно е да бидеш генерал после битка.
4. Правилата постојат со причина.
5. Човек кој не се држи до своите зборови не вреди ништо.
Водолија
1. Ако не го барам, тогаш не е совет туку критика.
2. Најголемата убавина е да живееш како што сакаш.
3. Секој се родил сам.
4. Љубовта е убава, но и најголема слабост на луѓето.
5. Ако сакаш непријател, на пријател позајми му пари.
Риби
1. Зошто да форсираш нешто денес, ако можеш да го направиш утре.
2. Ветувањата се празни зборови.
3. Во животот најважни се музиката, смеата и солзите.
4. Вистинска љубов е да сакаш заради туѓите маани, а не заради доблестите.
5. Тешко е да ги разбереш другите, ако не се разбираш себеси.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.