Целиот интернет колективно спроведува една интересна студија од областа на бихејвиоралната психологија. Сите ние, вклучително и нашите миленици мачки можат да учествуваат. Откако неколку корисници на Редит и Имиџер забележале дека нивните мачки на чуден начин се привлечени од кругови, и многу други корисници почнаа да објавуваат слики на кои се гледа обидот да ги измамат своите миленици за да останат заробени во затворен круг.rnrn
rnrnЕдна можна причина за ова е потребата на мачките од сигурност. Мачките сакаат мали и сигурни места, па дури и самиот впечаток односно илузијата дека се наоѓаат во таков простор може да им изгледа попривлечно од секое друго место во околината.rnrnПогледнете со какви трикови се имаат послужено оние сопственици на вакви миленици, на кои тоа очигледно им успеало.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


















