Кирилица, латиница, грчко, кинеско и арапско писмо… и тоа се горе-долу сите азбуки за кои знаеме. Иако латиницата е сè подоминантна поради зголемувањето на англискиот јазик на глобално ниво, на планетава сепак постојат и опстојуваат уште многу различни писма, а некои од нив иако не се многу познати, се особено убави.rn
Мјанмарска (бурманска) азбука
rnМјанмарската азбука е составена од симболи кои наликуваат на крукчиња и полукрукчиња кои секогаш се цртаат, односно пишуваат, во правец на движењето на стрелките на часовникот. За жал, Мјанмарците сè поретко ја користат оваа естетски прекрасна азбука поради влијанието на индискиот и англискиот јазик. Таа пред сè се користи во верските храмови за време на церемониите.rnrn
rn
Сингала
rnСингала е азбука која се користи на островот Шри Ланка. Има преку 50 букви, но само 38 од нив редовно се користат во денешно време. Нејзината употреба е сè поретка, па денес се користи само во будистичките манастири, а се изучува и во училиштата.rnrn
rn
Грузиска азбука
rnИако е сместена помеѓу две моќни култури – руската и турската, малата Грузија успеала да го зачува своето оригинално писмо низ годините. Сепак, и таа се соочува со силно влијание на руската култура за време на Советската ера. Наликува на арапското писмо, но е поедноставно за читање.rnrn
rn
Тагалог
rnЈазикот на Филипините се нарекува филипино, а ја користат латинската азбука. Филипино е мешавина од јазиците кои одамна се користеле на островот и шпанскиот јазик, а тие стари јазици ја користеле убавата азбука тагалог. Таа потекнува од индо-европските писма и по малку наликува на латинското. И тагалог е азбука во изумирање.rnrn
rn
Ханачарака
rnХаначарака била создадена на индонезискиот остров Јава со цел стандардизирање на индонезискиот јазик. Нејзината употреба слабее по забраната за време на јапонската окупација за време на Втората светска војна, а потоа речиси се губи под влијанието на латинското писмо. Денес се користи само на сообраќајните знаци.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.