Што кажуваат вашите чевли за вас?
Ова е еден од оние празноверни разговори во стилот: колку долго ќе живеете според линиите на вашите дланки или пак колку сте топла личност според топлината и силата на стисокот при поздравување. Сепак со обувките е малку поинаку, бидејќи тие сепак нешто говорат за нашиот карактер.
1. Никогаш не би помислиле да облечете нешто под 12 см
Очигледно е дека ви се допаѓа вниманието. Вашата самодоверба е на завидно ниво, но кога станува збор за облекување за одредени настани, тешко ви е да намалите со дотерувањето. Но, подобро да бидете претерано дотерани отколку ни малку, нели?
2. Вашиот највисок пар потпетици се балетанките
Вие сте прагматист и за вас комфорот е најважен. Имате балетанки во сите бои и од сите материјали. Продуктивни сте, искрени и зборувате без влакна на јазикот. Би било навистина глупаво од луѓето околу вас да ве потценат.
3. Елегантна девојка која поприма од машкиот стил со оксофордки и рамни чевли
Имате голема среќа: ваквиот тип обувки веќе неколку сезони е модерен, но вие не ги носите поради тоа. Вашиот стил е безвременски, разновиден и секогаш изгледате софистицирано и средено. Имате креативна жичка, независни сте и целосно сте способни сами да носите одлуки, без разлика дали на работното место или во вашиот стил.
4.Чизмите одат со сѐ
Не постои обувка во светот која вие сметате дека изгледа подобро од чизмата. Вие сте многу дружељубиви, сакате да патувате и по малку знаете како да изгледате сексапилно. Единствен минус кај вас е што веројатно веќе и немате простор каде да ги чувате.
5. Влечки засекогаш
Вие сте личност која носи влечки со сѐ. Имате апостолки за секоја пригода. Инсистирате дека тие се најудобни и дека едноставно се претопуваат во вашите нозе. Имате влечки со монограми, со камчиња и додатоци и постојано ги носите. Иако се супер практични за до продавница или на плажа, надвор од овие околини изгледа малку чудно.
6. Се држите до патиките за трчање
Постојано трчате по децата, ги носите луѓето каде што треба, постојано сте во движење, па зошто да не носите патики за трчање? Тие се удобни, а и онака по цели денови трчате, така? Искрено, не. Со ваквиот однос вие сакате да кажете дека сте премногу зафатени за да ви е гајле или дека имате проблеми со стапалата. Ако сакате да трчате, супер, но сепак задржете ги патиките само за тренинг, а најдете соодветна алтернатива за секој ден.
7. Зошто да носите потпетици со тенка штикла кога постои полната пета?
Вие сте микс од стил и удобност кои ги овозможуваат потпетиците со полна пета. Имате цел плакар полн со вакви обувки кои му соодветствуваат на вашиот приземјен прагматизам, а сепак сте модна зависничка. Единствен ваш страв е дека на крај вашите пријатели ќе ја дознаат вашата вистинска висина.