Автор: Софија СионоваrnrnЛетото одамна заврши и време е да се препуштиме на постуденото време и потоплата облека. Џемпери во разни бои, интересни капути и јакни и чизмите до глужд се меѓу главните карактеристични парчиња за есен. Но, секоја сезона има по некој нов тренд кој ги покорува сите, од улиците па сѐ до најценетите дизајнери.rnrn
rn
1. Накит во арт деко стил
rnКако што се менува времето, заменете ги веселите тиркизни и корални ѓердани со потемни нијанси на накит во арт деко стил. Сјајот и придушените тонови го прават одличен избор за поладните месеци.rnrn
rn
2. Есенски цветови
rnРазликата од пролетните до есенските цветови е само во бојата на позадината. Додека кај пролетните имаме принтови со весели бои, кај есенските владеат потемните нијанси. Ваквите парчиња одлично стојат со чизмички до глужд во бежови нијанси.rnrn
rn
3. Долги џемпери
rnДолгите џемпери се апсолутен хит оваа сезона. За вечерни прошетки, за на кафе со пријателите, овие џемпери се соодветни за секоја прилика. Изгледаат одлично со краток џемпер, отворени обувки и бојфренд фармерки.rnrn
rn
4. Метални оксфордки
rnПретходните сезони, оскфордките кои го отсликуваа машкиот стил започнаа да доминираат и на женските стапала. Оваа сезона, тие се повторно модерни, но наместо класичниот модел се преферираат моделите кои се во металик нијанси. Одлично изгледаат со кошула и џемпер врз неа, како и со ултрамодерниот ранец.rnrn
rn
5. Мантил со изглед на наметка
rnМантилите оваа сезона го заменуваат нивниот строг крој и линии со порелаксиран изглед кој зрачи со женственост и ја потенцира женската силуета. Најдобар начин да ги инкорпорирате во вашиот изглед е со џемпер на риги и фармерки.rnrn
rn
6. Чизми со врзување
rnЛесни за облекување и по малку необични, тие се одличен избор за есенските денови.rnrn
rn
7. Чизми до глужд во бежови нијанси
rnЕдно од класичните парчиња кои морате да ги имате за есента се дефинитивно чизмичките до глужд. Но, оваа сезона најголем фаворит се бежовите нијанси, наспроти црните. Не само што се шик и модерни туку тие се и многу практични.rnrn
rn
8. Совршен ранец
rnОваа есен се обрнува доста внимание на комфорот, па освен ослободувањето од високите потпетици, се ослободуваме и од тешките чанти. На нивно место доаѓаат ранците. Се носат на двете раменици, така што нема да чувствувате болки во грбот, а сепак ќе носите сѐ што ви е потребно.rnrn
rn
9. Есенски шешир
rnИзработени од волна со широк обод во темни нијанси есенските шешири се токму она што ви е потребно за оваа сезона. Плус, тие се најдобар начин да ја внесете есента во летната облека.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.