9 знаци на искреното извинување

9 знаци на искреното извинување

Хариет Лернер е психолог кој долги години ги истражува навиките на луѓето кои можат или не можат да се извинат. Таа зборува за девет знаци на искреното извинување.

9 знаци на искреното извинување

  • Зборот „но“ не се среќава во искрено извинување. Тоа е зборче кое го негира извинувањето. „Жал ми е за ова, но…“ не е искрено.
  • Искреното извинување се фокусира на дејствијата на личноста која погрешила и се извинува, а не на одговорот на личноста на која ѝ е згрешено. На пример: „Жал ми е што си повредена од тоа што го реков.“ Треба да му/ѝ е жал за своето дело, а не тоа како вие се чувствувате поради тоа.
  • Тоа се фокусира на признавање и каење поради лошите чувства предизвикани кај другиот без притоа да се жали и за своите. „Криво ми е што вака испадна, ама и мене ми е тешко.“
  • Искреното извинување не вклучува барање вина кај повредениот. Па дури и да имате 10% од вината за целиот настан, кога некој ви се извинува не смеете да дозволите да се вади на тоа.
  • Тоа треба да биде подржано од корективно дејствие. „Извини што го скршив ова, ќе ти купам друго.“
  • Оној кој вистински се извинува се труди да не ги повтори грешките. Ако навистина се кае, тогаш така ќе се однесува.
  • Тоа не служи како изговор да се замолчи другата личност, ниту како средство за да се излезе од непријатен разговор или ситуација. „Е па сега, ти реков извини, зошто продолжуваш да го споменуваш тоа?“
  • Никој не може да понуди искрено извинување со цел да направи некого да се чувствува подоброo, ако со тоа ризикува другиот да се чувствува полошо. Има моменти кога некој кој е повреден не сака да слушне извинување. Во такви случаи пробајте да се извините со дела.
  • На крај, оној кој искрено се извинува знае да почувствува кога едно „извини“ не е доволно и знае кога треба да стори нешто повеќе за да ги поправи работите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар