Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

„Вистинскиот начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш служејќи им на другите.“ – Махатма Ганди

Во свет на суета каде сè што се слуша е: јас, јас, јас, го сакам ова, сакам сега, тешко е да ја прифатиме големата вистина дека сонцето не се врти околу нас и тоа е всушност добра работа. Секој е повеќе или помалку фокусиран на себеси, пробувајќи да ги задоволи своите интереси, потреби и апетити, со други зборови, да си угоди на себе.

Престанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во ред

Сите ние сме тука со причина, имаме цел и намера, и нашето присуство на планетата Земја е многу, многу повеќе од плитката себичност која нè тера постојано да се фокусираме на самите себе и да внимаваме што другите мислат за нас. Секој од нас има нешто специфично, нешто единствено што го прави посебен и оригинален, и само ако успееме да го победиме нашето сопствено его ќе можеме со нашата уникатност да придонесеме за светот. Сите ние имаме способност да донесеме светлина, подобар живот и промена, но само ако успееме да го тргнеме рефлекторот од себе.

Ова се 5 реални примери кои покажуваат дека не се врти сè околу вас, но и дека тоа всушност е супер.

1. Анксиозност при јавно говорење

Кога подготвуваме каков било вид јавно излагање, чувствуваме страв, несигурност и анксиозност која би можела да ни го уништи говорот. Ставањето акцент на нас самите, како сме облечени, со каков тон зборуваме, всушност прави целата презентација да биде за нас. Но, правилниот пристап кон нештата е да се доживее тоа јавно излагање малку пореално – не е за вас, туку за оние кои ве слушаат. Главната цел ви е да ја пренесете моќната порака на она што го кажувате, да допрете до некого, да ги научите вашите слушатели на нешто, да направите мала промена во нивните животи и начинот на размислување. Не е сè за вас, и ова е доста олеснителна околност.

2. Кога не го добиваме она што го сакаме

Кога нема да го добиеме она што го сакаме – работната позиција, наградата, унапредувањето, и сл., чувствуваме фрустрација. Пробајте на тоа да гледате поинаку. Постои многу поголема сила од нас како единки, и сите ние сме само мала точка на оваа планета, дел од некаков план. Ова ќе ви помогне да сфатите дека сè се случува со причина и дека тоа што една врата се затворила за вас, само значи дека наскоро ќе ви се отвори многу поголема.

Престанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во ред

3. Кога сме игнорирани

Може да биде дури и болно кога си игнориран. Секој од нас речиси секојдневно се соочува со тоа. Тука спаѓа неодговарањето на мејловите кои ги праќате, телефонски разговори за кои другите не се достапни или заинтересирани, нерасположени јавни службеници кои може дури и да ви го расипат денот. Не грижете се, не сте вие проблемот. Луѓето едноставно се премногу свртени кон себеси, премногу „зафатени“ со своите интереси и премногу себични. Тоа е оној по малку ироничен круг по кој се движат нештата.

4. Кога некој зборува лошо за нас

Вашите најголеми критичари всушност го проектираат сопствениот страв, несигурност и завист на вас. Популарно наречените хејтери „хејтаат“ поради нивните сопствени проблеми и несигурности. Значи, тоа нема врска со вас, вие сте само предмет на нивните фрустрации, затоа држете се настрана. Може да допрат до вас само ако влезете во таква дискусија и им посветите внимание. Значи повторно, не е за вас, туку проблемот се тие самите.

5. Кога ви се чини дека не го живеете вашиот сон

Вашиот талент и вашите способности сфатете ги како алатки за служење на заедницата. Што сакате да правите, кој е вашиот сон? Сакате да пишувате, да издавате свои книги, да цртате, да фотографирате, да држите мотивациони говори, и што ли уште не, разбирливо е да имате соништа. Кога ви се чини дека не ви оди во животот, тогаш зборува вашето его кое сака повеќе и повеќе и ве спречува да видите што сте сториле досега. Значи, правете го она што сакате да го правите, дајте го најдоброто од себе, и престанете да се фокусирате на себеси, туку гледајте од спротивната страна – како со мојот талент јас им помагам на другите? Кога ќе го заборавите вашето его, вие ќе почнете да го живеете вашиот сон.

Докажано е дека преголемиот фокус кон себеси е причина поради која среќата нè одбегнува. Затоа престанете да прашувате „Што сакам?“ или „Како можам да го добијам ова?“, туку запрашајте се себеси „Како можам да придонесам?“.

Кога сите ние би престанале да бидеме толку себични и фокусирани на себе, светот би бил подобро место за живеење.

Сега вдишете, па издишете. Во ред е, не се врти сè околу вас, и тоа е големо олеснување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар