КАФЕ ПАУЗА

Што се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?

Што се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?

Што се случува со едно дете кога тоа е одгледано од двајца родители од ист пол?rnrnНауката вели – ништо. Тоа нема никакви негативни последици врз децата. Тие се сосема нормални, како и сите други деца.rnrnШто се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?rnrnХомосексуалците бараат да им се дозволи да посвојуваат деца или да ги одгледуваат оние на едниот партнер или своите од поранешна хетеросексуална врска, но во повеќето општества наидуваат на одбивање на нивните барања. Образложенијата за тоа се дека на децата им се потребни двајца родители од различен пол кои треба да им дадат пример за тоа како треба да се однесува еден маж или една жена и затоа нивното одгледување од страна на хомосексуални родители ја загрозува нивната благосостојба. Постојат и тврдења дека овие деца имаат побавен психички развој па затоа постигнуваат послаби резултати на училиште, посклони се на злоупотреба на дрога и алкохол и се повеќе промискуитетни.rnrnШто се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?rnrnПсихолозите долги години ја истражуваат оваа тема, но досега не успеале да најдат докази кои ќе ги поткрепат горните тврдења. Сакајќи да испитаат дали хомосексуалците се способни да бидат добри родители, направени се бројни истражувања во САД, Канада и Австралија. Психолозите го споредувале однесувањето и развојот кај деца одгледани од хетеросексуални родители со она на децата кои растеле кај хомосексуални двојки. Тие не покажале разлики помеѓу децата кај едните во споредба со оние кај другите, па кај сите нив заклучокот бил дека хомосексуалците се подеднакво способни да одгледуваат здрави деца исто како и хетеросексуалните парови.rnrnРезултатите од многу истражувања се толку постојани што Џудит Стејси, професор по општествена и културна анализа и социологија на Универзитетот Њујорк, вели дека „како во ретко која друга област од општествените науки постои таков консензус како што е тоа случајот со хомосексуалните родители, што е причина поради која Американската академија за педијатари и сите битни организации кои се бават со детското здравје се јавуваат со поддршка за хомосексуалните родители“.rnrnШто се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?rnrnВо последните неколку декади се појавиле истражувања кои покажуваат дека одлучувачки фактори за правилно функционирање на децата се квалитетот на извршувањето на родителските обврски, психолошката благосостојба на родителите и хармонијата меѓу нив, како и квалитетот на врските внатре во семејството. Факторите од типот на тоа дали децата растат во брачна или вонбрачна заедница и сексуалноста на родителите немале значење, па оттука било заклучено дека децата можат подеднакво добро да се развиваат и во нетрадиционалните форми на семејство.rnrnИсто така се покажало дека ниту сексуалната ориентација на родителите не е битен предуслов за тоа каква сексуална ориентација ќе има детето. Кога станува збор за успехот на училиште, менталните нарушувања, злоупотребата на дрога и алкохол или малолетничката деликвенција, научниците повторно не нашле разлики меѓу двете групи на деца. Тие испитувале и како влијае врз сексуалната ориентација на децата тоа што имаат два родители од ист пол. Резултатите покажале дека децата на хомосексуалците не биле повеќе склони кон тоа себеси да се идентификуваат како хомосексуалци во споредба со децата на хетеросексуалците.rnrnШто се случува со децата одгледани од хомосексуални родители?rnrnВо врска со сето ова професорот по психологија Грегори Херек вели:rn
rn

„Ако хомосексуалните родители беа помалку способни за одгледување деца во споредба со хетеросексуалните родители, нивните деца сигурно ќе манифестираа некакви проблеми без разлика на примерокот. Но, ваков пример не беше најден. Имајќи предвид дека истражувањата постојано не успеваат да го докажат спротивното, сега товарот на докажувањето паѓа на оние кои тврдат дека децата на сексуалните малцинства се развиваат полошо од другите деца.“

rnПонатаму додава:rnrn

„Емпириските истражувања не можат да ги решат несогласувањата поврзани со системот на вредности, но се многу корисни кога треба да се обрне внимание на фактите. Дебатите би биле многу сиромашни доколку ваков важен извор на знаење се сведе само на караница од типот ‘тој вели вака, таа вели онака’.