9 моќни реченици кои ќе ви го сменат животот

9 моќни реченици кои ќе ви го сменат животот

Ако сам не се сакаш тогаш никој друг нема да те сака – позната и класична изрека која ја користат луѓето кога сакаат да бодрат некого. Дали сте се запрашале некогаш колку вистина има во неа? Многу. Од непроценлива важност е како самите се гледате себеси бидејќи тоа и те како се исцртува во вашето однесување, вашите движења и зборови. Самодовербата е важен аспект на вашиот живот, а светот во кој денес живееме наметнува стандарди кои уште на самиот почеток ја рушат самодовербата. Треба да си ваков или таков, да го имаш ова или она. А кога ти се руши самодовербата, шансите за да постигнеш што било се блиски до нулата.

9-mokjni-rechenici-koi-kje-vi-go-smenat-zhivotot-kafepauza.mk

Едно од докажано успешните решенија кои ќе ви помогнат да ја изградите самодовербата така што ќе се прифатите и сакате себеси такви какви што сте, е постојаното самободрење. Некогаш другите во нас гледаат нешто што ние не го гледаме, па ни е многу тешко да поверуваме дека тоа е вистина. Но честото самободрење и истакнувањето на позитивните работи кај себе навистина менува многу работи, почнувајќи од начинот на кој размислуваме.

1. Можам да постигнам големи работи.

Ова ќе ве мотивира да работите на себе, да се посветите на она што го сакате и да правите сè што можете за да бидете подобри во тоа. Со тек на време вашите цели и сништа ќе станат реалност.

2. Денес ќе бидам полн/а со енергија и радост.

Кажете си го ова наутро и зацртајте си дека нема да дозволите ништо да ви го уништи денот. На крајот на денот нема да ви се верува колку повеќе сте постигнале и колку многу работи не вредат за вие да се нервирате поради нив.

3. Се сакам и се прифаќам себеси таков/ва каков/ва што сум.

Самопочитувањето и сакањето себеси се меѓу најважните. Тие ќе ве инспирираат постојано да се надградувате себеси. Ако вие не се сакате и прифаќате себеси, тогаш зошто другите би го правеле тоа?

4. Моето тело е здраво, мојот ум е брилијантен, мојата душа е мирна.

Испреплетени меѓу себе, ниту една од овие работи не може да опстојува доколку другите две не се исполнети. Потхранувајте го својот ум со позитивни мисли, тогаш ќе го сакате и ќе се грижите за своето тело, а тоа ќе ве доведе до состојба да сте задоволни самите со себе и да се сакате.

5. Верувам дека можам да го направам тоа што ќе го замислам.

Ако тргнете со помислата дека нешто не може да се направи, тогаш уште на самиот почеток вие не тргнувате со максимумот кој можете да го дадете. А кога не давате сè од себе, никогаш нема да бидете задоволни со тоа што сте го постигнале, ако воопшто и направите нешто. Верувајте дека можете и сите граници кои ве врзувале претходно ќе исчезнат.

6. Јас сум архитект на својот живот.

Секој нов ден е шанса за нов почеток. Вие сте своја личност и ја имате слободата да го правите тоа што го сакате и тоа што го мислите. Одлучете да се изградите во најдобрата личност што можете да бидете и навистина ќе биде така.

7. Им простувам на оние кои ме повредиле.

Не би можеле никогаш мирно да продолжите со својот живот доколку целосно не се ослободите од негативната енергија која ја носат проблемите и лошите спомени од минатото. Можеби никогаш нема да заборавите некого и нешто, но можете да им простите на оние кои ви згрешиле. А тоа го можете само доколку сте во мир со самите себе.

8. Мојот потенцијал да успеам нема граници.

Кога си го повторувате ова секој ден, тогаш сигурно го давате најдоброто од себе и правите сè што знаете и умеете за да успеете. Кога верувате дека никој и ништо не може да ве сопре, тогаш сигурно ќе ја постигнете својата цел.

9. Денес ги напуштам старите навики и започнувам со нови и попозитивни.

Оваа реченица ќе ве натера да правите работи кои ќе придонесуваат за вашето лично задоволство, а со тоа ќе се чувствувате подобро и ќе бидете поисполнети и позадоволни од личноста која станувате.

Изградете личност која ќе биде најдоброто што може, бидете личност која ќе биде задоволна со самата себе, правете добри и убави работи. Тогаш и само тогаш ќе знаете дека го давате максимумот и ќе бидете исполнети. Само тогаш ќе се сакате себеси такви какви што сте: ведри и полни со самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар