Прекрасна вила во Штутгарт каде секој би посакал да живее
Оваа прекрасно дизајнирана вила осмислена до најмалиот детаљ ќе ви украде по некоја воздишка. Иако не сме заинтересирани за купување, да направиме мала тура низ вилата и патем да „украдеме“ по некоја идеја.
Од застаклениот балкон на долниот влез, скалите покрај гаражата водат до отворен балкон пријатен за апсорбирање на сончевите зраци. Подот е прекриен со луксузен мермер и води до вториот влез во куќата од северната страна.
До влезот се протега трпезаријата која со стаклен покрив е осветлена од дневната светлина, а со помош на стаклени врати таа е затворена на зима, а отворена и споена со балконот во летните месеци за дополнително уживање. Кујната пак, е дизајнирана исто така со целосни, шибер врати, така што може да биде посебна просторија или да се отвори и да функционира како дел од отворените простории.
Во дневната се наоѓа голем луксузен камин кој остава впечаток на интимност. Големо внимание е ставено на стаклените врати и прозорци со цел целосно да се искористи дневната светлина и убавиот поглед кон природата, кој е уште поубав од терасите на горните катови.
Целото место е совршено дизајнирано за вљубениците во уметноста, оние кои сакаат мирен и удобен дом, но и зафатените на кои добро би им дошло релаксирање во сопствениот дом. Во вилата има и сауна и внатрешен базен дизајнирани во топли црвено-златни нијанси. Од надворешниот дел оваа просторија е одделена со големи стаклени врати од подот до таванот низ кои допира дневната светлина.
На горниот спрат се спалните соби и купатилата. Главната спална има камин, гардеробер и купатило, што ја прави удобно и приватно место.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Куќа од соништата