Чудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивот
Доколку ги погледнете сликите, на прв поглед би помислиле дека станува збор за сцена од анимиран филм или дека се компјутерски обработени, но нема подобар Фотошоп од природата. Оваа вистерија се наоѓа во Јапонија и е стара цели 144 години. Дрвото е толку прекрасно што ќе ви го одземе здивот, а ако вака изгледа на слики може само да замислиме како изгледа во живо.
Можеби не е најголемото дрво во светот, но се протега на неверојатни 1.990 метри квадратни во цветниот парк Ашикага во Јапонија, и постои уште од 1870 година. Иако наизглед како дрво, всушност вистериите спаѓаат во вид лози, а бидејќи лозите на вистеријата може да бидат доста тешки, ова растение се потпира на метални шипки кои го штитат од уништување. Ова им дозволува на посетителите да одат под лозите на дрвото и да уживаат во волшебната глетка на розови и виолетови нијанси.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.