Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

Дали имате лош ден? Или можеби ве нападнале негативни мисли? Се сомневате ли во себе и своите способности? Нема некој кој не искусил разочарување, но никогаш не се помирувајте со поразот како тоа да ви е последна станица. Ова се 23 мисли и цитати кои ќе ве мотивираат и инспирираат и ќе ви го направат денот поубав.

„Кога одиш кон нешто ново, не оди со цел да ја тестираш водата туку да направиш бранови.“

„Ако не можеш да престанеш да мислиш на тоа, не престанувај да работиш на истото.“

„Ако не ги оствариш сопствените соништа, некој ќе те вработи за да ги оствариш неговите.“ – Тони Гаскин

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

„Болката е привремена, откажувањето трае вечно.“

„Подобро е да знаеш и да бидеш разочаран отколку да не знаеш и секогаш да се прашуваш.“

„Ти си она што го правиш, а не она што велиш дека ќе го направиш.“

2-motivirachki-i-inspirirachki-misli-i-citati-koi-kje-ve-podignat-www.kafepauza.mk_

„Прави нешто наместо да ‘тепаш’ време, бидејќи времето ‘те тепа’ тебе.“ – Пауло Коељло

„Вљуби се во процесот и резултатите сами ќе дојдат.“

„Не можеме да управуваме со ветрот, но можеме да ги прилагодиме едрата.“ – Томас С. Монсон

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

„Утре ќе посакаш да си почнел денес.“

„Биди онаков лидер којшто и ти самиот би го следел.“

„За да го промениш твојот живот треба да ги промениш твоите приоритети.“

„Работи толку напорно што еден ден твојот потпис ќе се вика автограм.“

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнатМотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

„Не мора да пробуваш да бидеш некој бидејќи веќе си некој.“ – Мајлс Монро

„Поразот е често привремена состојба. Откажувањето е она што го прави траен.“

„Ако не тргнеш по она што го сакаш, никогаш нема да го имаш. Ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде не. Ако не направиш чекор напред, секогаш ќе бидеш на истото место.“ – Нора Робертс

„Нашето најмоќно оружје против стресот е способноста да се одбере една мисла наместо друга.“ – Вилијам Џејмс

„И скршените боички сепак бојат.“

„Единствената личност со која треба да се натпреваруваш е личноста која беше вчера.“

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

„Ако се фокусираш на проблемите ќе имаш повеќе проблеми, ако се фокусираш на можностите ќе имаш повеќе можности.“

„Никогаш не престанувај да го даваш најдоброто од себе само затоа што некој не ти дава признание за сработеното.“

„Никогаш не проси го она што имаш моќ да го заработиш.“ – Мигел Де Сервантес

Мотивирачки и инспирирачки мисли и цитати кои ќе ве подигнат

„Ако ги ограничиш твоите избори само на она што изгледа возможно или логично, се одделуваш од она што навистина го сакаш и сè што ти останува е компромис.“ – Анаис Нин


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар