КАФЕ ПАУЗА

Знаци кои упатуваат дека сте во врска со психопат

Жените често не знаат да разграничат дали се со опсесивен љубовник или со нормално момче. Кога сте во врска со психопат, тоа не е измачување само за вас туку и за оние околу вас. Еве некои знаци на кои треба да обрнете внимание…rnrn2-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mkrn

Недостаток на емпатија

rnАко вашето момче упорно не покажува никакви емоции освен опсесивност, бидете внимателни. Недостатокот на тоа основно чувство на емпатија е еден од знаците дека сте во врска со психопат.rn

Нема совест

rnЛичност без совест може да предизвика силно чувство на непријатност. Дали прави погрешни работи поради кои не чувствува никаква вина? Секој од нас би требало да чувствува грижа на совест кога ќе погреши, а ако тоа не е случај со личноста со која се гледате, време е уште во истава секунда да излезете од таа врска.rn

Тој е баш како вас

rnПсихопатот ќе се обиде да ве увери дека сте сродни души. Тој сака сè што вие сакате и има исти интереси како вашите. Ако сте имале тешко детство, тој тоа ќе го разбере. Ако постои некоја книга која ја обожавате, тој ќе се погрижи и самиот да ја засака. Тоа што тој го прави се нарекува пресликување. Тој нема идентитет, па се угледува на вас и се однесува идентично како вас.rn

Болести и повреди

rnПсихопатите апсолутно сакаат да ги сожалувате, па обрнете внимание на неговите болести и повреди. Дали чудесно се изборил со ракот кој може да се врати во секој момент? Дали ја истегнал ногата, па мора да остане дома вечерта? Дали ја изгубил својата прва жена во сообраќајна несреќа? Најдобро проверете ги неговите приказни.rnrn1-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mkrn

Пукнатини во маската

rnПсихопатите понекогаш ќе кажат нешто чудно за себе. На пример, правите вечера, а тој наеднаш ви вели: „Знаеш, јас сум луд. Или: „Ја те изневерувам.“ Потоа ќе негира дека го кажал тоа или ќе тврди дека се шегувал. Тој сака да ве исфрли од рамнотежа, но така несвесно ја трга и својата маска.rn

Упорно лаже

rnПознато е дека за да функционира врската неопходно е да бидете искрени еден кон друг. Но, кога вашиот партнер ќе почне да ве лаже скоро секој ден, мора да подразмислите и да видите што е проблемот. Психопатите се познати по тоа што лажат без трошка грижа на совест и често живеат двоен живот.rn

Казнување со тишина

rnОткако ве бомбардирал со љубов и идеализирања, и вие успешно сте се закачиле за него, почнуваат да стивнуваат работите. Првиот знак е обично молчењето. Психопатите се познати по тоа што исчезнуваат на неколку дена. Вам ќе ве излуди неговото исчезнување и молчење. Меѓутоа во реалноста, тој само се занимава со својата нова мета.rn

Садистичка смисла за хумор

rnНа ова задолжително мора да обрнете внимание. Дали му е задоволство или смешно во ситуациите во кои инаку други луѓе би биле згрозени? Ако на вашето момче му е смешно да тепа животни или му се смешни луѓе кои се повредени, тогаш сигурно сте во врска со психопат.rnrn3-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mkrn

Одличен секс

rnСекој сака добар секс, но оние кои биле со психопати често велат дека тоа било најдобрата работа која некогаш ја доживеале. Психопатот сака да ви угоди. Тоа е само уште една тактика за да ве закачи за себе. Откако ќе ве добие, ќе го молите за секс, бидејќи тој наеднаш нема веќе да сака да го прави тоа.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.