Знаете ли со кого треба да склопите брак, а кој е добар кандидат само за кратка авантура? Накратко, еве со кого најубаво ќе ви биде да одите на долги, а со кого на кратки патеки…rnrn
rn
Овен
rn
За врска
rnЌе имате одличен однос со Лавот, бидејќи тоа е знак со кој сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ви помага во сè, ќе ви биде подеднакво добар пријател, партнер и љубовник.rn
За авантура
rnСакате незаборавна авантура? Изберете Вага со која ќе искусите огромна страст во постелата. Тоа е знак со кој веднаш ќе почувствувате страст и сексуална привлечност.rn
Бик
rn
За врска
rnДевицата е знак со кој веднаш ќе се почувствувате дека сте на иста бранова должина. Ќе имате за што да разговарате и во ниеден момент нема да ви биде здодевно.rn
За авантура
rnИзберете Скорпија, вашиот однос веднаш ќе ве одведе во кревет. Кога ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана, па едвај ќе чекате да останете сами.rn
Близнаци
rn
За врска
rnВагата е вашиот идеален партнер. Ќе водите долги разговори, ќе имате слична смисла за хумор и често ќе се смеете. Ќе биде стимулирачка врска во која ќе има многу разбирање, но и привлечност.rn
За авантура
rnСтрелец! – Тоа е знак кој ќе ви ја распали страста. Нема да ве гуши или ограничува, што за вас е многу важно во врските. Заедничките моменти ќе ви бидат незаборавни.rn
Рак
rn
За врска
rnСо Скорпијата ќе се сложувате одлично. Ќе имате интуитивен однос, па вашите погледи често ќе ви кажуваат повеќе од зборовите. На обајцата ви треба чувство на сигурност, која ќе си ја пружате во голема количина.rn
За авантура
rnЈарецот ќе ви ја измеша крвта и ќе ви го помати разумот. Тоа е знак покрај кој ќе доживеете вистински огномет на страста. Ќе ви пружи чувство на сигурност, дури и ако вашиот однос не оди кон нешто посериозно.rn
Лав
rn
За врска
rnЗа вас идеален партнер е Стрелецот. Ќе ве воодушеви неговата незапирлива и авантуристичка природа, а ќе ви годат и неговите комплименти и заштитата која ќе ви ја пружа.rn
За авантура
rnСо Водолијата ќе имате бурен и незаборавен однос. Обајцата сакате добра забава, убави работи и патувања, па вашиот однос со сигурност ќе биде забавен и возбудлив.rn
Девица
rn
За врска
rnСо Јарецот ќе имате содржаен однос во кој ќе има многу поддршка и разбирање. Двајцата сте романтични и нежни, па постојано ќе си искажувате љубов и наклонетост.rn
За авантура
rnСензибилната Риба е идеален партнер за летна авантура. Ќе ви овозможи многу слатки моменти на страст, па во нејзината прегратка ќе заборавите на сите грижи.rn
Вага
rn
За врска
rnСо Водолијата ќе остварите интересен однос во кој ќе има многу возбуда. Двајцата сакате предизвици и патувања, па ќе уживате заедно во животот со полни гради.rn
За авантура
rnОвенот во вас ќе ја пробуди страста, па уште на прв поглед ќе ве привлече за себе како магнет. Ќе знае со што да ви удоволи, но ќе има и кавги, како и смирувања помеѓу чаршафите.rn
Скорпија
rn
За врска
rnСо Риби ќе имате однос базиран на многу чувства, романтика и нежности. Ќе се дополнувате и поддржувате во сè. Рибата ќе знае да ви угоди во сè, што и тоа како ќе ви годи.rn
За авантура
rnСо Бикот ќе поминете многу страсни моменти. Уште при првиот контакт нешто ќе ви проструи во телото, а силната телесна привлечност веднаш ќе ве спои.rn
Стрелец
rn
За врска
rnСо Лавот ќе имате врска во која ќе има многу динамика, токму како што и двајцата сакате. Лавот кон вас ќе се однесува заштитнички, што вам силно ќе ви годи.rn
За авантура
rnНемирниот Близнак ќе ве воведе во светот на страстите и недоживеаните искуства. Иако во некои работи сте различни, има доволно такви кои одново и одново ќе ве поврзуваат.rn
Јарец
rn
За врска
rnСо Бикот ќе имате стабилна и сигурна врска. Двајцата сте сериозни и практични, што е предуслов да си бидете верни еден на друг. Со заеднички сили можете многу нешта да направите.rn
За авантура
rnЧувствителниот Рак ќе ве освои на прв поглед. Ќе пламне страста и таа жар нема брзо да згасне. Никогаш нема да си здодеете еден на друг, тоа ќе биде однос полн со љубов и страст.rn
Водолија
rn
За врска
rnСо Близнаци ќе имате доволно возбудлив и поттикнувачки однос во кој нема да има досада. Имате слични животни ставови и добро се надополнувате. Двајцата сакате друштво и излегување.rn
За авантура
rnСо топлиот и еротичен Лав ќе доживеете неочекувани моменти на страст. Дури и ако има разлики меѓу вас, силната привлечност ќе ве фрла во прегратките на другиот.rn
Риби
rn
За врска
rnСо ракот лесно ќе постигнувате компромиси и договори, па ретко ќе се карате. Врската ќе ви биде полна со меѓусебно почитување и разбирање, а романтиката нема да недостасува.rn
За авантура
rnВоздржаната Девица ќе ве привлече како магнет и нема да можете да ѝ одолеете. Штом се најдете насамо, страста ќе ви го помати разумот и вам и неа.