Тренди комбинации инспирирани од 60-тите

Сподели

Модата инспирирана од 60-тите е навистина популарна оваа есен, почнувајќи од колекцијата на Зои Дешанел за Томи Хилфигер. 60-тите остануваат запаметени по големиот контраст на хипи и софистицирани комбинации. Доколку сте се восхитувале на модата од „ Mad Men“, сакате да гледате насловни од тогашните модни магазини и сте љубители на ултра женствени комбинации, 60-тите се вистинската декада за вас. Еве како би ги вметнале во секојдневниот изглед.

Реклама

rn

Така слатко и неодоливо

rnКако основа на овој изглед одберете нежен фустан со набори во розова или крем боја. Краткиот капут одлично го надополнува овој изглед давајќи му шмек од 60-тите, исто како мини сината чантичка во коцкеста форма и ниските балетанки со остри врвови. Доколку сте посмели може да додадете и бели дизајнирани хулахопки, целосни или доколенки.

rn

Училишна комбинација

rnНавидум изглед на девојка од светски познатите гимназии, оваа комбинација има школски шмек. Клучно е да одберете долги карирани панталони, ниски оксфордки и еднобојна памучна или плетена ролка за удобност. За крај одберете мала чантичка за преку рамо. Доколку сакате да одите чекор понатаму, класична фризура од 60-тите со марама за коса е вистинскиот избор.

rn

Шармантно и женствено

rnФустаните со низок струк (како овој прикажан на сликата) биле ултрапопуларни во 60-тите, но слободно може да ги вметнете во својот изглед оваа есен. Баш се слатки, женствени и создадени за флертување. Има нешто необично карактеристично во овој модел. За да ви биде топло во ладните есенски денови, искомбинирајте го со дебели хулахопки и обична бела кошула под фустанот. Ниски балетанки и неутрална чантичка се одлично надополнување, а црвениот кармин е само јаготка на шлагот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира