Пред да замине за Авганистан, британскиот војник Кевин Елиот на шега направил пакт со неговиот најдобар пријател Бери Делејни дека доколку биде убиен во акција, неговиот пријател ќе го облече најгрозниот фустан што ќе може да го најде и така ќе појде на неговиот погреб. Делејни секако се сложил на ова мрачно, но сепак смешно барање.rnrn
rnrnДодека бил во Авганистан, Елиот и Делејни останале во контакт. Иако не се гледале многу, нивното пријателство останало силно. За жал барањето на Елиот дошло да се исполни 3 години подоцна.rnrnКога дошло време да го погребат Елиот, Делејни знаел што морал да направи. Си ја турил омилената пијачка на неговиот пријател, наздравил за загинатиот херој и го облекол најужасниот фустан кој успеал да го најде. И да, изгледот го зачинил со високи розови чорапи.rnrn
rnrnИако фустанот на Делејни може да изгледа дека не е соодветен за приликата, приказната позади тоа сосема добро го објаснува неговиот избор. Сите кои присуствувале на погребот знаеле за ветувањето кое Делејни му го дал на Елиот, па не го осудувале, туку напротив биле емотивно соборени од она што тој го направил во име на цврстото пријателство.rnrn
rnrnКолку тажно оддавање почит. Не може да не се воодушевите на исполнителноста на Делејни. Војникот Елиот направил голема жртва, па што е губењето на малку достоинство во споредба со тоа?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.